Овој хороскопски знак во текот на пролетта ќе ужива во тајна љубов!

Овој хороскопски знак во текот на пролетта ќе ужива во тајна љубов!

Оваа пролет, до почетокот на април, Венера ќе остане во 12-тата куќа на Бикот, па припадниците на овој знак ќе бидат особено привлечени од тајни и скриена љубов. Страста исполнета со фантазиите и нежните убедувања испратени од интуицијата, на личностите родени во знакот Бик ќе им го зачинат животот со магична сензуалност.

Овој хороскопски знак во текот на пролетта ќе ужива во тајна љубов!

Сепак, бидете внимателни да не преземете нешто пребрзо и прерано. Размислете дали сте спремни на безусловна љубов, да помагате, да разбирате, да се прилагодувате и да прифатите одредени работи. Лесно ви е да оставите впечаток, но нема да бидете во можност отворено да изјавите љубов, па дури ни јасно и гласно да ги изразите своите потреби. Ако не сте подготвени на ова, тогаш почекајте Венера да излезе од ретроградната фаза, а тишината и самотијата се исто така дел од природниот емоционален циклус. Вие ќе имате забава и дружења, а време е да го проширите и својот круг на пријатели. Додека Ерос патува низ вашиот знак сѐ до 2 април, сите ќе бидат по малку возбудени и романтични, но за личностите родени во знакот Бик ова е вистински огномет на страста.

На крајот од зимата, сѐ до 10-ти март, и Марс носи огромна виталност во вашиот интимен живот, а вие, во зависност од животните околности, ќе можете да одлучите дали сакате да се предадете на тоа или ќе ја потиснувате својата страст. Вие сте во можност максимално да ја искористите оваа енергија, но дискретно и сигурно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар