Овој хороскопски знак е тежок за освојување, но кога ќе се разгори, огнот во срцето не му се гаси!

Овој хороскопски знак е тежок за освојување, но кога ќе се разгори, огнот во срцето не му се гаси!

Овде се работи за кардинален, женски знак, со меланхоличен темперамент. Неговиот елемент е земјата, а природно владее со десеттата куќа од хороскопот, која се поврзува со прашањата за бизнис позиции и највисоки животни достигнувања. Оттука произлегува и неговата поврзаност со амбицијата, трпението и упорноста да се достигне врвот. Станува збор за Јарецот!

Овој хороскопски знак е тежок за освојување, но кога ќе се разгори, огнот во срцето не му се гаси!

Јарците не се брзаат во ништо, добро ќе ја разгледаат секоја одлука и ќе проценат колкав е ризикот. Тие секогаш покрај себе имаат дигитрон и календар, во кој ги запишуваат тековните приходи и расходи. Едно е сигурно – на крајот мора да бидат во добивка. Тие не влегуваат во непознатото и не вложуваат во нешто што не им е сигурно. Кај овој знак здравиот разум игра пресудна улога, па нема да успеете да ги придобиете само со вашите емоции. Јарците совршено го одвојуваат приватниот од деловниот живот, затоа што сметаат дека роднините и пријателите не треба да се занимаваат со нивните работи, освен ако тоа е неопходно. Чиста сметка, долга љубов. На прв поглед може да изгледаат сурови и нечувствителни, но тоа е голема оптичка илузија. Јарците се тврдоглави, горди и тешко се освојуваат, па им е потребно повеќе време за да се заинтересираат за некоја личност, но кога ќе се „загреат“, огнот во нивното срце гори до крајот на нивниот живот.

Луѓето родени во знакот Јарец се најлојалните суштества кои некогаш ќе ги сретнете. Тие не простуваат предавство, па и самите не го прават тоа. Она што не го очекуваат од другите, не го прават ниту самите. Од нив очекувајте да бидат до вас во секое време од денот или ноќта, а поради семејството и блиските луѓе ќе го издржат и најголемиот товар. Тие секогаш се спремни да ви помогнат и да ви бидат ваша поддршка. Нивните зборови се драгоцени, а честа е нешто што за нив нема цена. Јарците не се многу дружељубиви, но тоа не значи дека не се запознаени со актуелните теми во друштвото. Минатите искуства се нешто за што тие со задоволство би разговарале и со задоволство би ви дале насоки како да го извлечете својот максимум, но од вас очекуваат целосно внимание и почит. Немаат разбирање за луѓето кои имаат слаба волја и кои често се менуваат. Таквите луѓе се спремни засекогаш да ги избришат од својот живот. Јарците се држат до стабилни луѓе, кои имаат јасни ставови и традиционален систем на вредности. Луѓето родени во овој знак се карактеризираат со отпорност на моменталните решенија, а секогаш се определуваат за класика и работи кои со текот на годините ја потврдиле својата вредност. Кога станува збор за животниот простор, повеќето Јарци сонуваат за дом како средновековен замок, а тие ретко ќе го уредат во модерен стил.

Овој хороскопски знак е тежок за освојување, но кога ќе се разгори, огнот во срцето не му се гаси!

Со оглед на владеењето на Сатурн, без оглед на богатството кое го стекнале, Јарците нема јавно да се фалат. Тие не штедат пари доколку станува збор за трошење на паметни и корисни работи, како што е вложување во простор за живеење, образование на деца и слично. Сепак, доколку Јарците ви ветат финансиска поддршка, треба да знаете дека сте спремни дури и да се задолжат, за да не го прекршат дадениот збор. Овие луѓе не се многу по забавите, но тоа не значи дека не покажуваат никаква заинтересираност за тоа. Нивниот хумор е поинаков, по малку темен и дефинитивно наменет за луѓе кои умеат да читаат помеѓу редови. Јарците не живеат во сон, затоа што својот сон го претвораат во реалност. Ако не се во состојба да го направат тоа, нема ни да сонуваат. За нив тоа е само губење време, а времето го поврзуваат со пари. Тие ги почитуваат и туѓите и своите работи, па на договорените состаноци честопати пристигнуваат и порано. Јарците се утрински типови, па многу обврски извршуваат во првиот дел од денот, до 13 часот.

Јарците се најчесто со коскеста структура, не се мачат со прекумерна тежина, доколку и други аспекти не влијаат на тоа. Ним им се осетливи забите, како и скелетниот систем, со можност за проблеми во колената и синусите. Тие би требало да избегнуваат храна богата со јаглехидрати и шеќери, а се препорачува и поголема количина протеини, со задолжителен зголемено внесување на калциум и витамин Б. Дамите родени во овој знак може да имаат проблем со сува кожа и изразени вертикални брчки по средината на челото. Мажите пак може да имаат проблеми со кожата и алопеција. Јарецот е знак кој цврсто стои на земјата, дава реална проценка и исто такво ветување. Тие стануваат оптимисти откако ќе завршат две третини од работата. Луѓето родени во знакот Јарец не може да живеат без работа и постојано освојување на врвот. Ако стојат во место, за нив тоа е големо незадоволство. Јарците имаат близок круг на пријатели, а ако сте во тој круг, треба да знаете дека тоа е највредниот подарок што можете да го добиете. Во партнерските односи бараат време и посветеност, а даруваат љубов за целиот свој живот. Подарете им го срцето и вашата почит, па ќе оставите посебно место во нивната душа.

Овој хороскопски знак е тежок за освојување, но кога ќе се разгори, огнот во срцето не му се гаси!

Што им носи 2017-та година на Јарците?

Годината што доаѓа може да се смета како многу поволна за Јарците, а особено последните три месеци од неа. Влегувањето во 2017-та година ќе им го обележат големите желби за работи поврзани со работата и деловните односи. Во првиот месец од 2017-та година Јарците може да имаат прилики за кратки патувања, а постои можност и за завршување на некои работи поврзани со документи кои потекнуваат од пред многу години. Поволен период за решавање на сѐ ова е до почетокот на февруари, затоа што потоа постојано ќе се одложуваат работите. Овој период може да претставува предизвик во односите со бизнис соработниците. Јарците ќе мораат сѐ да повторуваат повеќе пати, за да бидат сфатени и работата да биде завршена навремено. Во текот на месец февруари и март, личностите родени во знакот Јарец треба да внимаваат на односите со членовите на семејството, затоа што може да дојде до караница. Финансиската ситуација ќе се поправи од октомври. Во периодот од февруари до јуни овие личности може да чувствуваат дека многу работи стојат во место или пак се одвиваат премногу бавно, но од втората недела од јуни, работите ќе дојдат на свое место. Емоционалниот живот е мирен и стабилен, а во Јануари многу личности ќе се поврзат со спротивниот пол и ќе може да уживаат. Одлуките кои ќе ги донесат во полето на љубовта, ќе ги задоволат високите стандарди на Јарците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар