Овие хороскопски знаци се прави мамини синови

Овие хороскопски знаци се прави мамини синови

Иако на прв поглед не изгледа така, мажите родени во овие хороскопски знаци се прави мамини синови. Тие често се грижливи и доста посакувани партнери, но многу е тешко да дојдете на прво место во нивното срце – таа позиција ѝ припаѓа на нивната мајка. Дознајте за кои знаци станува збор во продолжение…

1. Стрелец

Мажите родени во знакот Стрелец изгледаат прилично опуштени и бестрашни. Сепак, тие веруваат дека секој нивни проблем ќе биде решен од страна на мајка им. Немојте да се чудите доколку мајката на овој знак сè уште му ја пере долната облека или му го чисти станот.

2. Рак

Претпоставуваме дека ова не ве чуди! Имено, мажите во знакот Рак се неверојатно емотивни личности што сè сфаќаат лично. Оние жени кои ги познаваат, ги нарекуваат прави лигуши. Нема да им биде срам да заплачат пред вас, но доколку не им пружите поддршка или сочувство, тие ќе отрчаат во мајчината прегратка.

3. Лав

Иако Лавовите важат за вистински фраери кои не можете ни да ги замислите како разгалени, сепак кога ќе ги запознаете подобро, ќе сфатите дека тие всушност се мамини синови. Советите од мајка им ги сфаќаат многу сериозно и секогаш им даваат предност, отколку на оние од страна. Исто така, тие се заштитнички настроени кон нивната мајка и никако немојте да ги провоцирате во тој поглед.

Прочитајте и за кој хороскопски знак летото ќе биде највозбудливиот период од годината!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар