Овие хороскопски знаци се најдобри возачи!
Секој добар возач ѝ дава приоритет на безбедноста пред брзината, има добри рефлекси, е снаодлив и не го гледа патот како писта. Голем дел од времето го поминуваме зад воланот, дозволувајќи најдобрите и најлошите особини на личноста да излезат на површина.
Добриот возач не се натпреварува со другите возачи, туку ги почитува регулативите и другите учесници во сообраќајот. Овие хороскопски знаци се најдобри возачи:
1. Јарец
Според овие критериуми, најдобриот возач е Јарецот. Го заслужува ова признание заради својата трпеливост, одговорност и добра подготвеност за возење. Тој тргнува навреме имајќи го предвид метежот во сообраќајот, ги проверува условите на патот и не е склон кон кршење на законот. Тој е претпазлив со алкохолот и однапред си обезбедува возач кој ќе го замени ако планира „луда забава“.
2. Девица
Ако безбедноста и сигурноста се вашите приоритети, Девица е возач за вас. Нејзините карактеристики се добар тајминг, претпазливост и совесност. Овој возач прави сè како што е пропишано во законите и дава сè од себе за да се минимизира ризикот од несреќи и казни. Девицата нема конкурентен дух и смирено им дозволува на другите да ја претекнат. Понекогаш другите учесници во сообраќајот ја обвинуваат дека е бавен возач.
3. Близнаци
Вешт и флексибилен, тие имаат брзи рефлекси и добро се прилагодува на променливите услови за возење. Близнаците се секогаш подготвени да пронајдат алтернативни патишта ако главниот е затворен. Понекогаш ги кршат регулативите, но тоа го прават лукаво и незабележливо за властите. Би требало да не практикуваат мултитаскинг (употреба на телефон и пишување пораки) додека се зад воланот.
4. Бик
Претпазлив и малку воздржан, Бикот е одличен возач, под услов некој да не го предизвикува затоа што тогаш „подивува“. Негов приоритет е да го зачува „здравјето“ на своето моторно „милениче“ и да ги избегне посетите кај сервисерите, осигурителните компании и полицијата. Ако почувствува каков бил ризик од оштетување, тој ќе го забави возилото, па дури и ќе го закочи сообраќајот. Брзото возење не му е страно, но само доколку прописите и условите го овозможуваат тоа.
Од друга страна го вбројуваме Овенот како најлош возач во хороскопот, а потоа следуваат и Рибите, кои се премногу склони кон мечтаење зад воланот и Стрелците, чија маана е тоа што не ги земаат сериозно предвид прописите во сообраќајот.
Можеби сакате да прочитате и што понекогаш заборава секој хороскопски знак?