Овие дами ќе ве освојат без проблем: 5-те најголеми заводнички според астролозите
На кои хороскопски знаци припаѓаат згодните девојки со совршено извајани нозе и сензуални усни, кои ги привлекуваат сите мажи како магнет? Откријте дали и вие сте една од најопасните заводнички во Зодијакот…
Овен
Овните се спортски градени, делуваат силно и имаат изразени црти на лицето. Многу често девојката од овој знак се издвојува од останатите со својот потемен тен и светли очи или со прекрасната кафеава коса и совршена градба. Нивниот изглед е во согласност со нивната силна и енергична личност, која е карактеристична за овој знак, а нивната свилена кожа ќе предизвика секој допир од овие убавици засекогаш да биде врежан во вашите мисли.
Лав
Силни, грациозни и често спортски градени, Лавиците пленат без компромис. Вие нема да потрошите многу време доколку барате Лавица со совршено извајани нозе, чиј изглед и држење на телото ќе ве остави без зборови. Тие се многу атрактивни и секогаш ги пратат најновите трендови. Исто така имаат и многу таленти, а со нивната убавина и шарм никогаш не престануваат да ги привлекуваат мажите околу нив. Ако мислите дека станува збор за просечна убавина, тогаш сте во голема заблуда. Лесно можете да ги препознаете во топлата, бидејќи нивниот стил на облекување и живеење многу ретко е клише.
Скорпија
Дури и кога се слабички, Скорпиите имаат прилично силна градба. Нив ги карактеризираат добри нозе, широки рамена, впечатливо лице со сензуални усни и продорни очи. Припадничките на овој знак најчесто имаат прекрасна кафеава и густа коса. Тие обожаваат да се средуваат, па токму затоа и секогаш изгледаат средено од глава до пети. Кога Скорпијата ќе ве освои, таа ќе ве натера со задоволство да го испиете нејзиниот отров. Нивната убавина е секогаш над просекот, а покрај мажите ги обожаваат и децата. Доколку во вас се заљуби Скорпија, тогаш вие сте навистина среќник!
Стрелец
Девојките во овој хороскопски знак се најзгодни во целиот Зодијак. Тие се со просечна висина, спортска градба и имаат природен талент за истакнување. Најчесто имаат убаво и малку долгнавесто лице, високо чело и изразени светли очи. Тие обожаваат да се облакаат спортски и едноставно, но нема да потфрлат во оние ситуации кога од нив се очекува појава во полно светло. Тие ќе го направат тоа на вистинскиот начин и со одмерена доза луцидност. Секогаш се оригинални во настапот, па токму затоа и ќе ви го украдат вниманието. Кога се излезени да се забавуваат, нема да ви биде потребно многу време да ги издвоите од толпата убавици, бидејќи нивната убавина и шарм доаѓаат на површина тогаш кога најдобро се чувствуваат.
Водолија
Водолиите се често со средна висина или ниски. Тие имаат прекрасно заоблено лице и посветол тен. Најчесто имаат помали дланки и стапала, но и убаво обликувани нозе. Очите им се нежни, а погледот бистар и искрен. Тие имаат убави, меки и големи усни. Водолиите не придаваат големо значење на облеката бидејќи знаат дека таа нема да игра голема улога кога ќе одлучат да го освојат оној кој им паднал во очи. Тие често се природно надарени со изразени женски атрибути и токму затоа го оставаат спротивниот пол без здив.