Овен и близнаци - пријателска комбинација

Овен и близнаци – пријателска комбинација

Дружењето со близнаци го извлекува најдоброто од карактерот на овенот. Тоа е така бидејќи овие два знака имаат нешто заедничко, а тоа е големата желба да пробаат сѐ само еднаш. Без разлика дали авантуристичкиот овен е желен за скокање со банџи, качување по карпи или сурфање на бранови, близнакот секогаш ќе биде расположен да му прави друштво. Овенот е вечно расположен за нова акција, а близнакот обожава да стекнува нови искуства.Овен и близнаци - пријателска комбинацијаНа овенот никогаш нема да му биде досадно со близнакот, благодарение на неговиот импресивно интересен начин на раскажување приказни. Од друга страна, близнакот го фасцинира фактот што овенот секогаш точно знае што треба да направи за да претвори еден план во акција. Овие двајца ќе прават ризични потфати во текот на нивните заеднички авантури, но сето тоа ќе биде само од забавен карактер.

Овенот ќе биде подоминантен во ова пријателство, но тоа најчесто нема да му пречи на близнакот. Исто така овенот знае да биде и малку груб. Ако почнат да му пречат ваквите карактеристики на овенот, близнакот ќе почне да го поминува слободното време со некои од многуте негови пријатели. Ќе има и ситуации во кои овенот ќе дреме во паркот, чекајќи го близнакот на договореното место, а тој нема да се појави зашто изумил дека е договорен. Исто така, на овенот ќе му смета кога близнакот ќе игра некои нејасни игри со него, бидејќи тој цени директен пристап во комуникацијата.

За среќа овие двајца пријатели можат да ги минимизираат негативните ефекти од нивните карактерни разлики, вклучувајќи се во заеднички активности кои на двајцата им се интересни. Тие можат да уживаат играјќи спортови како тенис и кошарка, а оние денови кога се расположени за интелектуална стимулација, ќе уживаат во дебатирање на разни теми или играјќи покер.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар