Откријте што вели статистиката за вашиот хороскопски знак
Вага
Припадниците на знакот Вага се сметаат за најубави во зодијакот, согласно тврдењата на луѓето од козметичката индустрија. Истовремено, жените најмалку им веруваат на машките Ваги. Тие се сметани за најголеми заводници кои знаат како да поделат комплименти, а на нивниот шарм е тешко да се одолее. Истражувањата покажуваат дека во браковите во кои разликата во возраст изнесува над десет години, Вагите се најзастапениот знак. Ако треба да се изјаснат за тоа која животна ситуација најтешко ја поднесуваат, тие без двоумење ќе речат дека тоа се нарушените меѓучовечки односи и конфликтите.
Грижата на совеста ги тера да бараат брзо разрешување на конфликтите, при што често пати токму тие го прават првиот чекор. Кај Вагите сетилото за мирис е силно развиено, давајќи им квалитет за работа во индустријата со парфеми. Лесно го чувствуваат и мирисот на туѓото тело. Спротивно на раширените верувања, Вагите не се најголемите љубители на чоколадо. Напротив, тие ја преферираат храната која е грижливо приготвена во кујната, а потоа сè друго.
Скорпија
Ако сте љубители на црниот хумор, јавете им се на Скорпиите. Луѓето кои ги познаваат велат дека со нив секогаш е забавно, а тие најмногу уживаат во луцидните провокации и духовити досетки со кои погодуваат во сржта на проблемот. Според американските истражувања, пропаднатите компании имаат најголеми шанси за враќање назад ако паднат во рацете на Скорпиите. Тие се мајстори кога треба нешто да се поправи, да се реконструира, реорганизира и да се најде нов начин да се направи нешто. Благодарение на својата извонредна интуиција и потребата да извојуваат победи над другите, тие се кралеви на берзата. Таму можат да бидат победени само од цврстите Јарци или приспособливите Близнаци.
Скорпиите најлесно се опоравуваат по трауми и шокови. Тешките удари на судбината ги доживуваат како тест кој треба да го положат со што подобар резултат, а проблемите им се поголем мотив. Скорпиите, како и Овните, се склони кон неконтролирани изливи на бес. Почнете да ги анализирате пред другите и да им поставувате поинтимни прашања и ќе се уверите во тоа. Тие влегуваат во свој елемент кога ќе падне ноќта. Најдобро се концентрираат околу полноќ, па затоа најдобро учат и работат кога сите други спијат. Нема друг знак кој повеќе сака да ги покажува тетоважите по своето тело и повеќе пати дупнатите уши, а жените Скорпии неретко сакаат да носат накит на носот или папокот.
Стрелец
Склоноста кон неверство е најголемата маана на Стрелците, согласно она што го говорат нивните брачни партнери. Од друга страна,најголемиот квалитет им е толеранцијата и подготвеноста да простат, што им дава доста ведрина и динамика во домот. Се чини дека не сакаат столчиња. Попрво би гледале телевизија седнати на перничиња на подот, а знаат и да заспијат така. И кога се јаде тие би ги скрстиле нозете на турски начин. Физички се доста флексибилни поради вродената живост како и љубовта кон јогата, таи чи и гимнастиката.
Стрелците се оние кои први ќе ја кренат раката за да постават некое дополнително прашање. Но, истовремено се нестрпливи да го добијат целосниот одговор и често знаат да прекинат некого додека зборува. Истражувањата покажуваат дека Стрелците имаат најбрзи реакции зад воланот. На кочницата притискаат за 5% побрзо од Овните, така што важат за најприбрани возачи. Иако се склони кон развод, сепак не се на самиот врв на оваа неблагодарна листа. Но, ако склучат брак со Близнак, постојат добри шанси нивната љубов да заврши на суд.
Јарец
Јарците можете да ги препознаете по тоа што купуваат скапи и брендирани работи. Но, тоа не ги прави страсни потрошувачи. Напротив, тие го купуваат само она што им е неопходно, но кога го прават тоа најважен критериум им е квалитетот. Постои уверување дека тие се верни во бракот, но со текот на времето стануваат поопуштени и поведри, а со тоа и расположени за по некој вонбрачен излет. Жените идеалниот маж го замислуваат како одговорен, посветен и предан, а со оглед на тоа што мажите родени во овој знак ги поседуваат овие особини тоа значи дека тие котираат високо на листата на посакувани мажи.
Во знакот на Јарец се родени многу познати музичари, особено гитаристи. Овој податок укажува на тоа дека тие се посензибилни отколку што се мисли. Исто така, најголем број од комичарите се Јарци. Омилена занимација им е шахот, со чија помош го вежбаат мозокот и размислуваат за разни комбинаторики. Така учат и за стратегиите кои ги применуваат на работното место. Не во педесетте, но во стоте најголеми американски банки Jарците заземаат најголем број на раководни позиции. Нивниот работен ден може да трае до доцна во ноќта. Едно друго интересно истражување говори и за тоа дека тие најчесто се бричат и пресоблекуваат на работа, кога тоа им е овозможено.
Водолија
Работодавците сакаат да вработат Водолија кога им треба некој што е оригинален. Истражувањата покажуваат дека дури и кога ги работат наједноставните работни задачи, тие пак успеваат да ги завршат на начин кој е својствен само за нив. Водолиите се фасцинираат од сè што е модерно. Тие веројатно биле првите кои купиле компјутер и го приклучиле на интернет, а ги преферираат електричните апарати и кога се во кујната.
Кога станува збор за емоционалниот живот, треба да знаете дека тешко е со Водолиите да се планира заедничка иднина. Нивните партнери велат дека им пречи тоа што тие воспоставуваат пријателски односи со поранешните љубови, а и тоа што никогаш не се сигурни во своите чувства. Пријателите, пак, им замеруваат за нивниот немир и постојаната потреба од нешто ново. Не ги држи место, па излегувањата со нив често подразбира трчање од едно место на друго. Водолиите се најотпорен знак кога е во прашање климата. Тие најбрзо и најлесно се навикнуваат на нови услови на живеење, без разлика дали тоа се монсунски дождови, поларни или тропски температури. Тие се на врвот на листата на домаќини во чиј дом гостите се чувствуваат најудобно. Кај нив можете да се појавите ненајавено во секое време, па дури и сами да си направите кафе во нивната кујна. Лесно ќе ги препознаете и кога патуваат. Тие секогаш се оние наоружани со еден куп камери.
Риби
Среќата ги сака Рибите. Испитувањата велат дека успехот во нивната кариера повеќе зависи од некаков среќен сплет на околности, отколку од нивната амбиција. Иако тие имаат репутација на хаотични и површни личности, истражувањата не го потврдуваат тоа. Напротив, тие најлесно се справуваат во купишта од документи. Доста се брзи кога треба да се снајдат во нив или да се присетат на нивната содржина. Ако ги набљудувате додека се сконцентрирани или замислени ќе забележите дека тие несвесно се занимаваат со некој метален предмет како прстен, нараквица, приврзок и сл.
Ретко се жалат на сиромаштија и дека им фалат пари. Рибите се задоволни и со помали приходи. Тие се најбројни кога станува збор за пациенти кај кои болката не се појавила поради физички проблем, како што се претпоставувало. И не само што се склони кон сите необични и ретки болести, туку и нивното оздравување понекогаш тешко се објаснува. Тие се најзастапени помеѓу припадниците на разни духовни групи, најмногу затоа што мечтаат за свет во кој владее општа балогсостојба и се подготвени да се жртвуваат за тоа. Истражувањата спроведени помеѓу американски тинејџери покажуваат дека Рибите почесто од другите знаци се заљубуваат на прв поглед. Некои од нив дури велат дека своите идни партнери прво ги виделе на сон, а потоа ги запознале на јаве.