Откријте што вели статистиката за вашиот хороскопски знак
Астрологијата дава профил на секој хороскопски знак одделно, но овде откријте до какви заклучоци е дојдено со помош на истражувањата и статистичките податоци добиени од нив.
Овен
Овните не можат да се пофалат со особен успех во водењето деловни преговори и одржувањето деловна соработка. Не поднесуваат луѓе кои лажат и кои се нечесни, па не се мислат два пати пред да им кажат што точно мислат за нив и така да ги прекинат односите. Резултатите од истражувањата упатуваат на тоа дека малите Овни водат во групите на деца кои не отстапуваат од своите зацртани цели. Дури и ако им дадете задача за која не се дораснати и покажете дека се сомневате во нивниот евентуален успех, тие ќе сторат сè што е во нивна моќ само за да ви го докажат спротивното. Истражувањата говорат дека главни причини поради кои тие се разделуваат од своите партнери се рамнодушноста на партнерот, предвидливоста во однесувањето и недостатокот на жар во врската. Овие особини тие ги доживуваат како ладен туш и не ги толерираат.
Како причини за развод Овните најчесто ги наведуваат постојаното проверување, изливите на љубомора и копањето по џебовите од страна на нивните партнери. Тие се и најнестрпливите возачи. Според податоците на британското и германското здружение на возачи, Овните имаат најмногу сообраќајни несреќи настанати поради непрописно претекнување или поминување на црвено светло. Ќе ги препознаете по одот. Имаат нагласено исправено држење, проследено со цврст и одлучен чекор. Дури и кога ги мачат болки во грбот, тие пак се трудат да одат исправено, а благодарение на тоа што многу се движат, успеваат да останат физички активни до длабока старост. Поретко одат на лекар во споредба со другите знаци. Грипот и високата температура се нивни најголеми здравствени непријатели, но силата и цврстата волја се на нивна страна во борбата против болестите.
Бик
Биковите заземаат висока позиција на листата на посакувани шефови. Многу го ценат талентот и напорната работа на своите подредени и сметаат дека е важно да се наградуваат грижливите, работливи и посветени работници. Тие се најдобри домаќини на работното место. Секој што ќе влезе во нивната канцеларија веднаш ќе биде послужен со кафе, за време на деловниот разговор и со скап пијалак и закуска, а сè ќе заврши во ресторан со одлично мени. Кога станува збор за љубовните врски, анкетите помеѓу илјадници брачни парови говорат за тоа дека Биковите се спремни да чекаат за возвраќање на нивната љубов подолго од кој било друг знак. Астрологијата тоа го објаснува преку нивната стрпливост и преданост.
Истражувањата направени со помош на снимки од забавите во Холивуд покажуваат дека Биковите почесто од сите други влегуваат внатре на забавата држејќи го својот партнер околу струкот. Истото го прават и при запознавањето на нови луѓе. Посесивно го следат секој чекор на партнерот и покажуваат незадоволство доколку тој танцува со некој друг. Слободното време сакаат, меѓу другото, да го трошат на одгледување коњи, пчеларство и цвеќарство. Не се малку ни Биковите кои собираат вредни уметнички слики и ретки поштенски марки.
Сакаат порано да пристигнат на работа за на мира да си го испијат кафето и детално да го испланираат работниот ден. Причината за тоа е јасна – не поднесуваат нервози и паника, ниту трпат некој да ги брза или прекинува во работата. Немаат високо мислење за луѓето кои употребуваат евтини мириси, кои се облекуваат во вештачки материјали или живеат во невкусно уредени домови.
Близнаци
Близнаците се мајстори во комуникацијата, па затоа тие најбрзо ќе се разберат на јазикот на земјата во која се наоѓаат. Многу од нив говорат течно и по неколку јазика, е се и добри преведувачи. И смислата за хумор им е јака страна. Тие се вистинска ризница на вицеви и досетки. Умеат најобичните ситуации да ги претворат во такви поради кои другите ќе се „искинат“ од смеење, така што нивното присуство на забавите е гаранција дека сите добро ќе си поминат. Ако сфатат дека занимавањето со некое хоби може да им донесе повеќе пари отколку нивната професија за која се школувале, тие без размислување ќе му се посветат на тоа. Често пати успеваат во професија која некогаш одамна ја сметале за привремена.
Истражувањата покажуваат дека Близнаците и во зрелите години го задржуваат својот младешки изглед и начин на облекување. Носат посмели тонови и модни детали кои се во тренд. Никогаш не им е доста од љубов. Близнаците се знакот кој најчесто се венча во домовите за стари лица. Па и да имаат неколку пропаднати бракови зад себе, тие не се мислат дали пак да кажат „да“. Омилени им се и квизовите и решавањето загатки. Според едно американско истражување, најмногу победници на квизовите се родени токму во овој знак. Истовремено се и најчестите посетители на психолозите и психијатрите, кои се занимаваат со нивниот страв од оган, висина или затворени простори.
Рак
Статистиката покажува дека Раковите се најдобрите советодавци, иако себеси не знаат да си помогнат толку многу. Слободно обратете им се кога не ви оди во животот. Имаат извонредна интуиција и вродено внимание поради кои даваат мудри и практични совети. Од друга страна, ако им тргне лошо во љубовниот живот, тие имаат најголеми шанси да скршнат од својот пат и да посегнат по алкохолот, скитањето и другите телесни задоволства. Раковите не се снаоѓаат многу добро во улога на надредени. Не сакаат да држат јавни говори и да се изложуваат на големо внимание. Тешко воспоставуваат авторитет, а во прилог не им оди ниту преголемата попустливост.
Раковите се штедливи. Веднаш штом се вработат, започнуваат со штедење за пензија и за црни денови. Нивниот дом неретко наликува на магацин за стари и непотребни предмети. Тие се традиционалисти со уметнички сензибилитет, па затоа и се врзуваат за некои предмети и тешко се одвојуваат дури и од непотребните ситници. Семејниот живот за нив е од најголема важност, а сè друго е во втор план. Жените Ракови обожаваат да купуваат облека од пазар. Одлично умеат да го искомбинираат старото и новото и секогаш да изгледаат заводливо.
Лав
Истражувањата спроведени во Холивуд, Њујорк и Франција покажуваат дека најголем број од гостите на гламурозните забави од висока класа и на другите важни настани се Лавови во хороскоп. Тие имаат ретка среќа да бидат во групата на оние кои немаат трема и не паничат на испит или ситуации при кои треба да излезат пред публика. Овој знак има и најголем број естрадни ѕвезди. Тие сакаат да покажуваат гордост во однос на она што го имаат. Тоа особено важи кога треба да го покажат својот партнер пред другите, при што постојано ќе ги истакнуваат неговите или нејзините убавина, образование и шарм.
Иако ретко се одлучуваат на развод, податоците укажуваат на тоа дека таквата одлука најчесто ја носат во мај или декември. Месеци во кои најчесто се вљубуваат се јануари, февруари, април и јуни. Тие важат за најдобри љубовници во зодијакот (покрај Скорпиите и Рибите), но истражувањата покажуваат и дека тие најчесто страдаат поради сексуални проблеми. Причината за тоа лежи во нивната гордост и суета. Според истражувањата кои еден угледен бизнис магазин ги спровел во педесетте најголеми американски компании покажува дека Лавовите се најчестиот хороскопски знак на водечките менаџерски позиции, а нивната доминација е уште поизразена на позициите на средно ниво. Се смета дека Лавовите се и големи гурмани. Слабост им се слатките, тортите, сладоледот и палачинките.
Девица
По некои статистики Девиците се најстрасните читатели на романи. Имајќи ги предвид тврдењата на психолозите дека со изборот на книгите луѓето го надоместуваат она што им фали во животот, се чини дека мечтаат за нежност и романтика. Тие се тешко освоиви. Прво ќе најдат низа причини да не се впуштат во врска, за потоа преку длабока и широка анализа на добрите и лошите страни на потенцијалниот партнер да се препуштат на она што им го шепоти срцето. Сакаат да ги проучуваат сите љубовни техники.
Според некои истражувања во американските големи компании и банки, тие го заземаат второто место во раководните структури, веднаш после Лавовите. Тој успех го постигнуваат околу педесеттиот роденден. Тие имаат најчувствителен дигестивен систем и тие најчесто добиваат чир на желудникот. Речиси и да ги нема меѓу алкохоличарите и наркоманите, затоа што не посегаат по средства кои ќе им го попечат рационалното расудување и ќе им го нарушат примерното поведение.