Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи
K’ANK’IN (12.04 – 01.05)
Симбол: жолто Сонце, куче, Земја
Изворен превод: Примање на светлината како мудрост од вистински учител
Опис: Родените во овој знак се уметнички настроени, склони кон учење, а посебно во окултните науки каде можат најмногу да се покажат. Лицата родени во овој знак се луѓе на Земјата и Сонцето. Имаат афинитет за земјата под нивните нозе и зраците над нивните глави. Може да дојдат до голема мудрост доколку медитираат под светлината на Сонцето. Корисно е да поминуваат дел од времето во природа, особено во некоја пештера каде можат да ја чувствуваат утробата на мајката Земја.
Во животинскиот свет, тие се претставени од кучето, кое ги поседува истите особини како нив – лојални и со длабока внатрешна сила.
Љубопитни, луцидни, хроничари, аналитичари и дружељубиви луѓе. Никогаш не одат по вообичаениот пат и не се потпираат на импровизации. Не знаат да ризикуваат. Живеат сериозно и избегнуваат јавни скандали и ризици.
Животот обично им е наклонет, па староста ја поминуваат во мир.
Најважни години им се 23–31.
Уживаат во патувања и неконтролирано трошат пари.
Совет: Најдобро се чувствувате на познат терен и во познато друштво, па затоа избегнувајте непознати околини бидејќи можат да ви се случат непредвидени незгоди.
сте ги измешале, KAYAB e 03.11-22.11 а не ова