Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи
MAK (23.03 – 11.04)
Симбол: Бог на бројот 3, затвореност, повез
Изворен превод: Зачекорување во сржта на проблемите и ставање крај на она што не е добро
Опис: Овие личности се перфекционисти по природа и се добро организирани. Тешко покажуваат емоции и затворени се. Тие се обвиени со мистерија. Значењето на овој знак во астрологијата на Маите е многу малку познато, обвиткано е во мистерија и многу е тешко да се толкуваат симболите. Такви се и лицата родени во овој знак – скриени и најдобро функционираат кога дел од себе кријат од другите. Слично како мечките во хибернација, овие лица е добро да поминуваат време во размислување и медитација.
Доколку си дозволат време само за себе, далеку од очите на другите, може да ја откријат мистеријата на постоењето. Нивниот моќен број е 3, кој се смета за божествен број и број на рамнотежата.
Тие имаат силна интуиција и креативно се изразуваат. Своите планови не ги темелат на импровизирање туку на знаење и сигурни искуства. Сите одлуки темелно ги анализираат и проверуваат.
Имаат многу пријатели. Обично живеат во хармонија со околината, но тешко примаат совети. Не се конфликтни, но знаат да бидат опасни противници.
Поважно им е душата да си ја исполнат со задоволство отколку да штедат. Не тежнеат кон нереални цели.
Совет: Животот е непредвидлив. Свртете се кон своите интереси и не патувајте далеку од дома.
сте ги измешале, KAYAB e 03.11-22.11 а не ова