Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи
CH’EN (01.01 – 21.01)
Симбол: Месечина, благородништво, црна бура, запад
Изворен превод: Влегување во суштинската благородност и мудрост
Опис: Луѓето родени во овој знак се мудри и чувствителни. Имаат жив темперамент и силен интелект. Животот им е полн со предизвици, љубопитни се, немирни и желни за авантури и за промени. Исто така тие се добри оратори, убедливи писатели и вешти манипуланти. Луцидни се и интелигентни, но и непромислени и брзоплети. Големо внимание посветуваат на религијата и на духовната страна на животот.
CH’EN-луѓето се луѓе на ноќта, но не во негативна смисла. Периодот од самрак до зори е моќен за нив. Тие имаат природен афинитет да се поврзат со енергијата на Месечината, а ако носат месечев камен (кристал или полускапоцен камен) уште повеќе ќе се поврзат со месечевата енергија. Главен правец на лицата со овој знак е запад.
Склони се кон материјалност и заработување набрзина. Тие самите се афирмираат себеси, живеат од своите креативни идеи, но не се фанатични да ги реализираат. Можат истовремено да се занимаваат со повеќе активности.
Критичен период им е 17–32 години, а успех доживуваат 45–55 години.
Совет: Иако лесно ги менувате погледите кон светот, не си стоите на дадениот збор. Би требало да бидете искрени кон луѓето родени од 20.01 до 07.02.
сте ги измешале, KAYAB e 03.11-22.11 а не ова