Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи
XUL (03.11 – 22.11)
Симбол: Бог на ветрот, филозоф, мала птица, куче
Изворен превод: Оној кој сјае со знаење и вештини
Опис: Лицата родени во овој период се сталожени и трпеливи. Се интересираат за филозофија и сите видови теоретски науки. Лицата родени во знакот XUL се силно поврзани со кучето, кое е нивни тотем и заштитно животно. Древните Маи многу го ценеле кучето, а луѓето кои го имаат за свое заштитно животно се одликуваат со неговите особини: лојалност, сила и посветеност. Според Маите, кучињата биле водичи на луѓето по смртта и ги носеле од минатиот до следниот живот. Луѓето во овој знак можат силно да се поврзат со наредниот живот и да им помогнат на останатите да го намалат стравот од смртта.
Карактерно се личности со немирен дух, желни за непознати работи и искуство. Склоноста кон авантура и воени вештини може да ги доведе во опасност, но родени се под среќна ѕвезда така што нема да имаат значителна штета. Обично се храбри и дисциплинирани.
Желбата за афирмација и јавни признанија нема да ги напушти ни кога ќе дојдат во мирни години.
Сакаат слобода и сакаат да бидат на лице место кога нешто се случува. Не сакаат брачни обврски, затоа што така не би се чувствувале слободни. Не поднесуваат стеги и оваа ќе ја избегнуваат цел живот. А можат да бидат добри сопружници и родители.
Најважен животен период им е 18–32 години.
Склоноста за патувања и авантури ќе го исполни нивниот живот со бројни возбуди.
Совет: Чувството и потребата за возбуда можат да ве стават во различни животни ситуации. Поради тоа би било добро да се чувате од луѓе обележени од Господ.
сте ги измешале, KAYAB e 03.11-22.11 а не ова