Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи
SEK (14.10 – 02.11)
Симбол: земја, небо
Изворен превод: Создавање
Опис: Овие личности имаат способност во секој момент да преземат иницијатива. Дисциплинирани се и трпеливи во реализацијата на своите планови. Лицата родени во знакот на SEC се силно поврзани со небото (воздух и ветер) и земјата. Ги фасцинира сè што доаѓа од горе, од небото. Воздухот е елемент на менталната енергија, а земјата на практичноста. Овие луѓе имаат способност да ја испитаат секоја ситуација и да пронајдат најефикасно решение. Ова е голема вештина и можат да ја искористат за да направат нешто добро за човештвото.
Во многу работи можат да бидат чесни, хумани, искрени, верни и добри, но знаат да бидат и доста нечесни, злобни и подготвени да наштетат. Тие се личности кои никогаш немаат мерка. Средина за нив нема.
Во љубовта се страсни. Во бракот можат да бидат верни и нежни. Уживаат во друштво на саканиот/та и сакаат деца.
Животните цели за нив се без компромиси. Не поднесуваат загуби, и ако не ги задоволат своите амбиции се повлекуваат.
Важни случувања во животот им се 32–41 год. После таа возраст нивната ѕвезда го губи сјајот.
Совет: Добро би било да ги избегнувате пороците, посебно коцкањето, наркотиците и алкохолот.
сте ги измешале, KAYAB e 03.11-22.11 а не ова