Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи
WO (15.08 – 03.09)
Симбол: ноќ, грмотевици, наврната земја, црн јагуар, жаба
Изворен превод: Тивок истражувач
Опис: Во животот настојуваат да стекнат високо образование. Имаат одлични ораторски способности. Најпродуктивни се во доцните ноќни часови, кога размислувањето и медитацијата може да им открие длабока мудрост. Нивното животно е жабата, па ги имаат нејзините карактеристики на лесно отскокнување од едно ниво на свесност на друго. Овие лица трагаат по скриени мудрости и мистерии.
Смислата на животот им е во слободата и дружењето. Не сакаат да се врзуваат, праведни се, искрени и без влакна на јазикот.
Наклонети се кон блиските, но со тек на животот се оддалечуваат и се повлекуваат во себе.
Постигнуваат солидна материјална состојба, а во бракот го ценат својот партнер. Дружељубиви се, забавни и љубопитни. Иако се склони на компромиси, речиси никогаш не се повлекуваат.
Помеѓу 35 и 42 години ќе доживеат искуства кои ќе им ја одредат староста.
Совет: Иако брзоплетоста не ви е одлика, треба да водите сметка за паричните влогови. Наивноста може да има висока цена.
сте ги измешале, KAYAB e 03.11-22.11 а не ова