Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи - Part 11

Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи

KUMK’U (04. 07 – 20. 07)

Симбол: Бог на дождот и растенијата, крокодил, жито

Изворен превод: Оној кој ја спознава суштината добива духовна храна

Опис: Луѓе кои имаат потреба да продрат во суштината на работите. Склони се кон книжевност и филозофија. Тие имаат двојна природа. Нештата ги гледаат од две спротивни страни и секоја од тие страни ја гледаат како можност, ценејќи ја мудроста и значењето кои секоја од тие можности може да ја понуди. Нивно животно е крокодилот кој ја претставува нивната способност за преживување, добро темпирање и трпеливоста. Овие луѓе подлежат на долговечност и стабилност. Промените не влијаат на нив. Оваа способност се смета за голема дарба.

По карактер се праведни, искрени и упорни. Тие се борци за праведност. Тежат кон далечни и високи цели. Полни се со разбирање за туѓата мака, весели се и креативни. Со леснотија можат да бидат раководители, им се отвораат сите врати.

KUMK’U се хуманисти и борци за човекови права. За кратко време ги освојуваат срцата на луѓето со кои живеат. Своите врски никогаш не ги завршуваат со караници и непријателства. Сакаат долги патувања, спорт и физички активности.

Совет: Имате време за сите освен за себе. Треба да се посветите малку и на себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    сте ги измешале, KAYAB e 03.11-22.11 а не ова

Остави коментар