Откријте повеќе за вас ако сте родени на граница меѓу два хороскопски знака
Оние кои се родени на граница меѓу два хороскопски знака често во себе носат енергија од двете влијанија. Според астрологијата, граничните датуми се денови кога има најголем проток на енергија, а родените на тој ден поседуваат различни таленти и способности. Затоа, слободно може да се каже дека овие луѓе припаѓаат по малку и на двата знака, а доминира оној до кој е поблиску самиот датум на раѓање.
Според тоа на кои гранични датуми се родени, луѓето се поделени на:
1. Интуитивни – родени меѓу Риби и Овен (од 19 до 25 март)
Претставниците на овој меѓузнак ја имаат интуицијата на Рибите и креативноста на Овните, па затоа можат да остварат сè што ќе замислат. Поради интуицијата, можат да им бидат од помош и на останатите луѓе во остварување на нивните соништа.
2. Храбри – родени меѓу Овен и Бик (од 18 до 22 април)
Огнен и земјен знак кои заедно даваат вулкан од тврдоглавост, одважност и храброст. Овие луѓе се предодредени да бидат лидери, а успехот ќе биде поголем ако слушаат што зборуваат и оние околу нив.
3. Генијалци – родени меѓу Бик и Близнаци (од 18 до 22 мај)
Бикот е енергичен знак, а Близнаците имаат фотографска меморија. Поради ова, припадниците на меѓузнакот Бик-Близнаци имаат извонредна интелектуална способност и талент за забележување ситници.
4. Уметници – родени меѓу Близнаци и Рак (од 17 до 23 јуни)
Логичен Близнак помешан со интуитивен Рак создава голем љубител на уметноста и убавите нешта. Доколку енергијата правилно се насочи, успехот е неизоставен.
5. Сензитивни – родени меѓу Рак и Лав (од 19 до 24 јули)
Ракот е емотивен, а Лавот со себе ја носи енергијата на Сонцето. Оваа комбинација се одликува со сензуалност, сочувствителност и талент да се препознае доброто кај другите.
6. Иноватори – родени меѓу Лав и Девица (од 20 до 24 август)
Во оваа комбинација Лавот носи ентузијазам, а Девицата внимателност, што ќе им помогне на претставниците на меѓузнакот лесно да ги остварат своите желби кои неретко го менуваат начинот на кој го живееме животот.
7. Волшебници – родени меѓу Девица и Вага (од 19 до 25 септември)
Раѓањето на овие лица се случува во периодот пред, за време на и по есенската рамноденица, што им дава перфекционизам, дисциплина и љубов. Поради овој баланс, припадниците на меѓузнакот можат лесно да ги остваруваат целите.
8. Истражувачи – родени меѓу Вага и Скорпија (од 21 до 24 октомври)
Љубопитни и страсни, ова се личности кои можат напорно да работат без да се изморат за побргу да дојдат до саканата цел. Доколку се работи за личност со широки, неограничени видици, успехот ќе биде уште поголем.
9. Борци – родени меѓу Скорпија и Стрелец (од 20 до 23 ноември)
Кога ќе се помешаат инстинктите на Скорпијата и разиграниот дух на Стрелецот, резултатот е личност која е борец и авторитет и која умее да мотивира, но и да манипулира. Затоа е потребно да се воспостави баланс меѓу особините на двата знака.
10. Визионери – родени меѓу Стрелец и Јарец (од 19 до 25 декември)
Овие личности имаат современи сфаќања и секогаш имаат визија за подобра иднина, а истовремено се и многу практични. Умеат да мотивираат и инспирираат и никогаш не се откажуваат.
11. Лидери – родени меѓу Јарец и Водолија (од 18 до 21 јануари)
Уште еден меѓузнак што носи лидерски карактеристики и тоа најмногу поради комбинацијата од интелигенција, предвидливост, храброст, ексцентричност, но и тврдоглавост, проследени со неодолив шарм.
12. Одважни – родени меѓу Водолија и Риби (од 17 до 20 февруари)
Мудри, интуитивни, таинствени и одважни, личности кои знаат како да ги придобијат успехот и богатството, но само кога нивната енергија е насочена на конструктивен начин.
Дознајте и кои хороскопски знаци се родени да го променат светот.