Откријте каков капут најдобро му прилега на вашиот хороскопски знак - Part 3

Откријте каков капут најдобро му прилега на вашиот хороскопски знак

Стрелец

10-otkrijte-kakov-kaput-najdobro-mu-prilega-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Дамите родени во знакот Стрелец ќе го обожаваат природното крзно околу вратот, бидејќи на тој начин се чувствуваат пријатно и комфорно, па затоа јакната или капутот без таквото крзно нема да биде нивен избор. Освен тоа, занимливите дезени и пастелните бои ќе ја надополнат секоја нивна комбинација на еден одличен начин.

Јарец

11-otkrijte-kakov-kaput-najdobro-mu-prilega-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Доколку сте родени во знакот Јарец, тогаш на вас најдобро ќе прилегаат капутите до под колена, во елегантна варијанта и со умерена доза на екстравагантност која може да се искаже со интересни принтови или со некој занимлив, необичен крој.

Водолија

12-otkrijte-kakov-kaput-najdobro-mu-prilega-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Исто како Јарците, така и Водолиите го сакат спојот на елегантно и лежерно, бидејќи на нив капутот не им служи само за елегантните комбинации, туку како парче облека го користат за играње со модата и за смислување иновативни, забавни комбинации.

Риби

13-otkrijte-kakov-kaput-najdobro-mu-prilega-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Спој на класичното и урбаното ќе биде најдобар за капутот кој би го понела девојката во знакот Риби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар