Откријте каков капут најдобро му прилега на вашиот хороскопски знак
Новата сезона и новото годишно време донесоа многубројни трендови кога станува збор за модата и убавината, но дали некогаш сте се запрашале дека вашиот моден вкус и стил имаат некаква врска со датумот на раѓање, односно со вашиот хороскопски знак? Доколку никогаш не сте размислувале на оваа тема, тогаш проверете дали се поклопува со вашиот моден избор, односно видите каков капут најдобро му прилега на вашиот знак.
Овен
Сосема очекувано, Овенот сака крзно, преголеми капути и бунди кои се удобни, топли, но и доста луксузни. Но, не станува збор само за обично крзно, туку за она во јаки бои, кои одговараат на нивниот темперамент кој очигледно се пренесува и на чувството за мода.
Бик
Биковите се приковани кон класичниот изглед, кон модата во својот изворен облик, префинета и елегантна, па затоа на овој хороскопски знак најдобро ќе им одговараат црни, долги капути кои се безвремено парче облека.
Близнаци
Шик изданија, атрактивен изглед и современост, ова е дел од стилот на поголемиот број Близнаци. Па затоа, занимливите дезени и принтови ќе бидат одличен избор за сите припадници на овој знак, бидејќи тие умеат да ги комбинираат и одлично да ги прикажат.
Рак
Раковите се едни од најемотивните знаци во Зодијакот, но таа нежност понекогаш знае да се изгуби кога е во прашање нивниот стил. Затоа капутот со модерен крој и во некоја јака боја со дворедни копчиња ќе биде одличен избор за нив.
Преминете на следната страница за повеќе хороскопски знаци…