Откријте дали вашиот хороскопски знак е еден од најнапорните 3 знаци во Зодијакот

Откријте дали вашиот хороскопски знак е еден од најнапорните 3 знаци во Зодијакот

Секој хороскопски знак има исто толку маани колку што има позитивни страни, но некои знаци знаат да бидат толку иритантни и напорни што не секој би издржал долго време во нивна близина. Доколку сакате да знаете дали и вие сте еден од најнапорните 3 знаци во Зодијакот, тогаш продолжете со читање…

Откријте дали вашиот хороскопски знак е еден од најнапорните 3 знаци во Зодијакот

Бик

Престанете да ѝ додевате на околината со вашите финансиски проблеми. Никој ни најмалку не го интересира вашиот проблем со парите. Всушност вие не сте ни свесни дека без разлика на тоа колку пари имате, вие најчесто им се жалите на луѓе кои се во полоша финансиска состојба од вашата. Тоа што во моментов не можете да си дозволите скапоцени нешта не е најтрагичното нешто на оваа планета, но ова никој не може да ви го објасни. Вие пак ќе си терате по вашето.

Рак

Дали конечно се исплакавте или сакате уште да се лигавите? Направете го тоа повторно, чисто превентивно, бидејќи можеби некој ги пропуштил вашите маки. Вие не можете ни да замислите колку сте несфатени од светот. Кутрите вие кои дури и од вашето семејство добивате бескрајна поддршка само затоа што стратешки ја користите вашата способност за манипулација со другите луѓе со помош на солзите.

Девица

Доколку сте ја исчистиле целата куќа и сте дезинфицирале сè во ваша близина, тогаш можете на раат да го прочитате овој текст. Но, ако се чудите зошто пријателите ретко ви доаѓаат во посета, тогаш можеби треба да се запрашате во каков дом живеете. Зарем вашата дневна соба не ве потсетува на аптека? Среќа што не се дружите со пушачи, инаку кој ќе ве слуша како постојано се жалите за нивната лоша навика…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар