Осудени да лутаат: 3-те хороскопски знаци кои ќе имаат повеќе од еден брак
Изгледа овие знаци немаат толку среќа да остарат среќно покрај една личност. Некоја необјаснива и невидлива сила ги влече да стапат во брак пребрзо и повеќе од еднаш. Проверете дали и вие припаѓате на еден од овие астролошки знаци…
Бик
Секогаш во петта брзина, Биковите во текот на целиот свој живот имаат можности да запознаваат исклучително интересни личности на најразлични места. Тие се весели и малку гласни, но секогаш забавни. Знаат како да го привлечат вниманието на спротивниот пол, па токму затоа и пред бракот имаат многу врски и авантури. Тие исто така успеваат и да создадат слика во својата глава од личноста со која сакаат да го поминат остатокот од својот живот, па тргнуваат во нејзина потрага.
Тие се добродушни и секогаш подготвени да направат сè за својата љубов. Но, доколку прерано ја покажат оваа своја скриена страна, партнерот или партнерката можат да ја искористат против нив со цел да ги натераат пребрзо на брак. Токму затоа и штом помине малку време по свадбената церемонија и двете страни ќе си го покажат своето вистинско лице. Тогаш ако другата личност докаже дека може без него, суетата на Бикот ќе проработи и ќе доведе до голема нерамнотежа.
Бикот исто така има проблеми со љубоморни испади и не сака никој да се интересира за неговата втора половина, ниту пак да ја фали или да направи каков било потег кој во него ќе покрене мисла дека станува збор за нешто лошо. Дури и ако се во брак со исклучително толерантна личност, тие и понатаму ќе сакаат да се движат на илјадници места и да го запоставуваат домот и семејството за задоволување на своите лични потреби. Ова однесување често доведува кон крај.
Девица
Припадниците на овој знак без сомнение обожаваат да се во центарот на вниманието, а тоа им оди лесно бидејќи се многу интелигентни, шармантни и духовити. Тие сакаат да бидат видени во сечие друштво, но припадниците на спротивниот пол најчесто го доживуваат како пријателска фигура наместо како материјал за врска, па токму затоа и најчесто немаат премногу сериозни врски пред бракот, туку минливи и кратки авантури.
Девиците пред сè сакаат заедништво бидејќи самотијата необјасниво ги плаши, па токму затоа и најчесто стапуваат брзо во брак. После одреден период, откако ќе се трудат да ја задоволат максимално другата страна, на површина ќе испливаат сите оние негови или нејзини маани пред кои ги затворале очите и тоа ќе почне да ги гуши. Од друга страна, ќе почнат да ги анализираат сите постапки на брачниот партнер, барајќи дури и најситни грешки за почеток на кавга.
Она што е најинтересно е дека и покрај тоа што бракот со оваа личност не им одговара, Девиците никогаш нема да бидат иницијатори за ставање крај. Главниот потег го повлекува другата страна, откако ќе ѝ дојде преку глава од расправиите почнати од страна на Девицата. Но, тоа нема да ја спречи таа брзо да си најде нов партнер, бидејќи како што веќе спомнавме, таа не сака да функционира сама. А потоа, сè почнува од почеток.
Вага
Главниот адут на овој знак е можноста да ги маѓепса сите со своите приказни и проткаен хумор кои оставаат впечаток дека се исклучително смирени и рационални личности, па не им е тешко да ја заведат онаа личност која ја сакаат. Иако физичкиот изглед понекогаш не им е силна страна, тие компензираат со својата колоритна и забавна личност која ги прави неодоливи. Тие не се имуни на минливи врски, но сепак ги преферираат оние долгите кои резултираат со брак.
Вагите често се наоѓаат некаде помеѓу небото и земјата, помеѓу своите можности и желби, па токму затоа и покрај тоа што се свесни дека можат подобро, во брак стапуваат со личност која не им одговора интелектуално. Во нивната природа лежи неодлучноста и секогаш размислуваат дали можат нешто подобро да направат, па токму тоа и необјасниво ја нервира другата страна. Овие карактеристики не водат кон долг и стабилен брак.
Згора на сè, ако партнерот не сака да ги сослуша или не ги разбира, тие стануваат многу напнати и почнуваат тврдоглаво да тераат по свое. Тие се бурни, па затоа и краткотрајните караници се дел од нивниот секојдневен брачен живот. Но, кога конечно ќе сфатат дека нивниот брак не е онака како што си го замислиле, тие ќе се обидат да го одложат крајот што е можно повеќе, во меѓувреме запознавајќи друга личност покрај која многу повеќе би сакале да бидат.
Јас сум бик, мојота братучетка и другарка е Девица и мојата најблиска пријателка и нејзиниот брат близнак се Ваги …АМА КОМБИНАЦИЈА… Ќе поминеме многу заедно…излеа… според тоа што сме Осудени