Октомври ќе биде најлошиот месец за овие 3 хороскопски знаци
Изгледа дека октомври ќе го „раздрма“ животот на овие 3 хороскопски знаци. Тој ќе донесе многу хаос, промени, проблеми и други тешкотии, па тие едвај ќе ја држат главата надвор од водата. Но, не грижете се, треба само да го издржите овој месец, и потоа нештата ќе станат многу подобри.
1. Бик
Со оглед на тоа што Уран патува низ вашиот знак, вие сте во средината на неочекуван хаос, па затоа и ќе почувствувате големи промени периодов. Исто така, во следниве неколку недели постојат шанси да се соочите со интензивни, мистериозни и одмаздољубиви луѓе, и тоа само затоа што Венера ќе биде во ретроградна позиција во областа за партнерства и други луѓе. Знаеме дека многу сакате да бидете лоши момци и девојки, но на страна од возбудата, понекогаш ова едноставно не вреди.
2. Лав
Сонцето патува низ вашата зафатена трета куќа на комуникација, мисли, браќа и сестри и блиска мрежа, па вие сте целосно преокупирани со цел тон обврски. Исто така постојат шанси да имате и некои семејни проблеми сезонава. Вистината е дека сите имаме „ѓубре под тепихот“, и со Венера во Скорпија, едноставно немате друг избор освен да се соочите со тоа и конечно да го „исчистите“. Вие сте слични со Вагите, во однос на тоа дека мразите да ги гледате саканите вознемирени, но вистината не е секогаш убава, ниту пак треба да биде, бидејќи е вистина. Со други зборови, не плашете се да го кажете тоа што мислите кога треба.
3. Јарец
Сезоната на Вага не е ништо споредено со тоа низ што минувавте последниве неколку месеци. Но, таа сепак се порамнува со вашиот знак, и со оглед на тоа што станува збор за две кардинални знаци, оваа сезона ќе ви додаде дополнителен притисок на сегашната ситуација. Но, немојте да паничите, бидејќи ќе произлезе и нешто добро од целото ова лудило – вие ќе се спознаете многу подобро.
Од друга страна пак, октомври ќе биде најдобриот месец за овие 3 хороскопски знаци!