Одберете хоби според хороскопскиот знак
Здодевно ви е и не знаете што да правите? Прочитајте како ѕвездите можат да ви помогнат да го одберете вистинското хоби.
Овен
Енергични и активни, овните речиси секогаш имаат потешкотии со истрајноста и ретко ги завршуваат започнатите работи. Вие важите за динамични спортисти кои се постојано активни. Но, својата креативност можете да ја изразите и преку различните стилови на танцување, како што се класичен или модерен балет, па дури и стомачен танц. Без разлика дали се работи за спортување или танцување, вие уживате да ги истражувате сите форми на вашето хоби.
Бик
Биковите со право го носат епитетот „земјен знак“. Заради вашиот голем интерес за цвеќиња и други растенија, вие едноставно обожавате да работите со земја. Може да се каже дека градинарството ви е омилено хоби. Едноставни, тивки и методични, вие уживате во тишината која ви ја овозможува градината. Садењето разни билки и зеленчук понатаму води до уште едно ваше омилено хоби – готвењето.
Близнаци
Близанците имаат повеќе хобија. Брзо решавате да започнете некое хоби, но тоа за кратко време ви станува здодевно, па уште побрзо започнувате ново, оставајќи многу незавршени работи зад себе. Имате широк спектар на интереси и повеќе сакате да знаете многу различни нешта во целина, отколку да се задлабочите во одредена работа. Дел од вашите омилени хобија се читање, сложувалки, учење странски јазици и шах.
Рак
Она по што вие се издвојувате од другите хороскопски знаци е вашата неверојатна меморија за спомени од значајни настани и вашата страст за колекционерство. Пробајте сами да ги креирате домашните албуми. На тој начин уште еднаш ќе ги оживеете драгите спомени, а протокот на креативна енергија ќе ви помогне да се ослободите од емоционалната напнатост. Покрај фотографиите во албумот, додадете и по некоја влезница или нешто слично што дополнително ќе ве потсети на убавиот настан.
Лав
Далеку од срамежливи, вие знаете да бидете строги критичари. Вашиот идеализам е заразен. Познати сте по тоа што знаете како да ги импресионирате другите. Ако започнете да водите сопствен блог, тоа би можело да биде одличен начин за изразување на вашата креативност. Доколку пишувањето не ви е јака страна, обидете се со актерство. Талентот за драматичност кој го поседувате прави да изгледате како да сте родени за сцена.
Девица
Интелигентните и аналитички девици имаат талент за постојано учење на нови нешта и одлична меморија за зачувување на информациите. Способни се да го пренесат своето знаење на најдобар можен начин и уживаат додека го прават тоа. Ако сакате навистина да ги тестирате своите умствени способности, играјте шах или заедно со пријателите организирајте мал турнир во шах доцна во ноќта.
Вага
Вагите имаат талент за убавина и полни се со страст кон животот. Тоа е совршената комбинација која ќе ви помогне да го развиете и негувате интересот за фотографирање. Запишете се на курс за фотографија или едноставно само фотографирајте го она што ве инспирира. Вашето прецизно набљудување и способноста за точно одредување на боите и нијансите ќе направат фотографиите да изгледаат како да се направени од професионалец.
Скорпија
Со зголемена моќ за перцепција и свесни за работите што ве опкружуваат, вие имате вродена љубопитност за мистериите на животот. Ве привлекува духовното и заради тоа не ви пречи самотијата. Практикувајте медитација секогаш кога сте сами. Таа ќе ви помогне да ги покажете емоциите кои ги чувате под површината за никој да не ги дознае.
Стрелец
Вие сте родени филозофи кои постојано се во потрага по нови концепти. Вашата најголема желба е да ги разберете мистериите кои ги носи животот. Соодветно на тоа, вашето хоби треба да ја поттикнува постојаната желба за знаење. Читајте книги во кои се застапени животните мистерии, присуствувајте на предавање од таков вид или запишете се на курс за светските религии.
Јарец
Вредните јарци мора да научат како да воспостават баланс помеѓу работата и забавата додека стабилно се искачуваат кон врвот. Слободното време поминете го спортувајќи на отворено (голф, крикет или секаков друг спорт кој ќе ве однесе надвор). Освен со спорт, исполнете си го слободното време читајќи книги со историска тематика, како што се биографиите.
Водолија
Желни за постојан прогрес, вие најмногу сте загрижени за напредокот на општеството во целина. Ве интересира сè што е ново, па затоа знаете дека какво хоби и да одберете, нема да погрешите. Вие едноставно можете да се занимавате со сè, од музика, преку мода, до електроника. Вашиот интерес ќе го задржи динамично хоби кое постојано може да ви понуди нешто ново.
Риби
Рибите имаат најголеми уметнички способности од сите знаци во зодијакот. Огромниот капацитет кој го поседувате, интуитивноста и начинот на кој ги примате работите ѝ помагаат на вашата креативност да се развие, што ве прави одлични писатели, музичари и сликари. Голем успех можете да постигнете ако се занимавате и со драмска уметност или новинарство.
Немора се буквално да се преведе, може и да се прилагоди текстот на наши услови, па така немора да се сугерира спортување голф или крикет спортови кои не се типични за нас, ниту пак има каде да се спортуваат.