Од што најмногу се плашат хороскопските знаци?

Од што најмногу се плашат хороскопските знаци?

Стравот е многу битна емоција која настанува уште во текот на набљудувањето и очекувањето стварни или замислени опасности. Тој е најефикасна и најнехумана емоција којашто управува со луѓето и останатите живи суштества. Откријте од што најмногу се плаши секој хороскопски знак.

Од што најмногу се плашат хороскопските знаци?

Овен

Иако делува како да не се плаши од никој и од ништо, овенот некаде длабоко во себе чувствува страв од осаменост, изолација и болести од кои се ужасува. Поради тоа, постојано има потреба да почувствува дека има некој на којшто може да се потпре, иако го бие глас дека е храбар авантурист, кој може сам да го прошета целиот свет. Во длабочината на неговата душа, овенот сепак се плаши од она што би можело да се случи кога ќе стигне таму некаде, без разлика дали станува збор за некоја далечна островска земја или прекуокеански град кој е полн со живот. Стравува дека навечер би немал на чие рамо да ја потпре неговата глава.

Бик

Бикот се плаши од помислата да остане без пари, бидејќи во тој случај би ја преспал зимата како мечка во својата пештера, сѐ додека времето не се „стопли“, односно додека тој не пронајде излез од финансиските проблеми. Тој се плаши од поедините случаи во кои треба сам да најде начин да ги решава проблемите или да ги сече во корен, бидејќи не го сака ризикот кој би можел да го одведе до губење на имотот или луѓето кои ги сака. На тој начин, тој е свесен дека со кавги и конфликти нема да ги реши, туку напротив само ќе ги поттикне проблемите во неговата околина. Затоа тој по мирен, на изглед помирлив пат, ги штити своите интереси, бидејќи чувствува страв уште при самата помисла дека може некако да ги загрози.

Близнаци

Тој вешто го прикрива стравот, токму онака како што вешто прави и сѐ друго, но постојат и работи кои можат да го фрлат во депресија, како што се недостатокот од комуникација со личност за којашто се грижи, болест која го спречува да отпатува некаде каде што сака или чувствување немоќ којашто може да го направи зависен од некоја друга личност, дури и ако станува збор за неговите најблиски луѓе. Вистинските опасности и предизвици обично не му предизвикуваат страв, но стравот од осаменост и тишина, кај близнакот предизвикуваат вистинска паника. Личности кои се обидуваат да им го исперат мозокот или да ги приковаат за едно место или една работа, ги прави близнаците нервозни, што е чекор до стравот.

Рак

Ракот е стално загрижен поради нешто, како на пример поради промената на временските услови, поради некои лоши вести коишто ги чул, а може да биде и поради промените во курсната листа. Иако чувствува несигурност покрај неговиот шеф, бидејќи го плаши неговото променливо расположение спрема него, ракот е уште повеќе загрижен за неговата куќа и семејство, особено кога седи во кафена со неговите пријатели (колку и ова да звучи иронично). Кај овој знак е исто така длабоко вкоренет стравот од магија и од непознатото, како и стравот од депресија и последиците кои таа ги остава на неговата психа. Тој интуитивно чувствува дека нешто лошо кога-тогаш може да го стигне, особено доколку мисли дека му згрешил некому со нешто.

Лав

Тој е роден да владее, но не стравува толку многу од губењето на позицијата на професионално или на друштвено поле, туку она што навистина го плаши е некој да не помисли дека тој е кукавица или дека пријателите или луѓето на коишто им верува ќе го остават на цедило. Понекогаш е погрешно разбран од страна на пријателите, пред кои обично сака да ја покаже својата дарежливост, па многу му завидуваат и гледаат како да му наштетат зад грб. На лавот му се подига гривата на главата при помислата дека некој би можел јавно да го исмее, без разлика дали станува збор за ситници или битни работи. Доколку имате нешто да му кажете на некој лав, најдобро е тоа да го направите во четири очи.

Девица

Девицата не се плаши толку многу од болести, како што смета нејзината околина. Таа во главно, само сака да води сметка за нејзиното здравје, без разлика дали станува збор за начинот на исхрана, животните навики или редовната посета на забар. Нејзиниот вистински страв се однесува на губењето контрола врз себе и нејзините најблиски, бидејќи на тој начин би го изгубила она што го смета за нејзина должност – да биде дежурен надзорник. Никој не умее подобро од девицата да забележи сѐ, да ви изреагира превентивно и да ви одржи лекција како чистотата е половина здравје. Исто така, неа ѝ е сосема сеедно, дали во текот на сето ова, вие ќе ѝ превртувате очи.

Вага

Вагата секогаш се труди да биде внимателна, бидејќи се плаши дека нема доволно да ви се допадне или дека можеби нема да ја забележите. Навикната на постојано привлекување внимание и восхит од страна на луѓето во нејзината околина, вагата најмногу се плаши од скандали или јавен потсмев. Неа исто така, ѝ се згрозува од разговори за болести, резултати од лабораториски испитувања (којзнае што сѐ ќе ѝ пронајдат), па знае да биде уште поголем хипохондрик и од девицата, но тешко си го признава тоа на себе. Честопати фантазира за препуштање на сите животни задоволства, без ограничувања и грижа на совеста, но пред другите ќе глуми личност, која својот живот го држи цврсто под контрола.

Скорпија

Иако од многу малку работи се плаши, бидејќи е многу храбра и спремна да истрпи болка и тешкотија, сепак и скорпијата има своја Ахилова пета. Можеби повеќе од кој било друг знак се плаши од сопственото стареење, губењето на интересот за неа/него од страна на спротивниот пол и чувствување сексуална немоќ. Ја ужасува помислата дека личноста којашто ја сака може да ѝ биде неверна и тоа да го дознае од други луѓе или дека таа личност би можела да ја напушти. Каков било облик на зависност од некој или помислата дека некој може да ѝ наметне некаква забрана, предизвикува страв кај скорпијата, па ако треба свесно ќе трпи и ќе се измачува себеси, но нема да дозволи да падне во туѓи јасли.

Стрелец

Стрелецот се плаши од издавање, сплетки и интриги кои можат да му го згорчат животот, а ова особено се однесува на работното место, па затоа е многу внимателен, повеќе отколку што можеби изгледа на прв поглед. Загрижен е и за однесувањето и емоционалниот свет на неговиот партнер, па затоа секогаш по малку се сомнева во него. Се грижи поради таинственоста и неискажаните намери на неговиот партнер, бидејќи стравува од сознанијата до коишто може да дојде, доколку малку прочепка низ неговото/нејзиното минато. Стрелецот исто така, се плаши од неправди и секаков вид насилство, па потсвесно чувствува несигурност од високите функционери и униформирани луѓе, но ретко ќе го покаже тоа.

Јарец

Јарецот се плаши од губењето на неговата чест, која според него не може да се мери со ништо друго на светот, бидејќи не постои цена со која може да се плати. Повеќе од кој било друг знак се плаши за здравјето на неговиот партнер или партнерка, до таа мера што за него/неа ќе се жртвува, дури и на сметка на сопствената енергија и издржливост. Јарецот секогаш по малку се плаши од сето она што доаѓа од друга средина, земја или град, бидејќи тешко е да го наговорите на нешто коешто не го видел со сопствени очи или за кое нема мислење добиено врз основа на сопственото искуство. Бидејќи најчесто го знае или чувствува она што другите не го знаат, јарецот се плаши и од магии и од пораките кои ги добива во неговите сонови.

Водолија

Водолијата најмногу се плаши да се чувствува просечно, во средина или од тоа да биде споредена со некоја друга личност, бидејќи водолијата е, ако случајно сте заборавиле – единствена. Иако делува недопирливо, по малку арогантно и препотентно, како никој ништо да не ѝ може, водолијата и тоа како стравува од губењето на професионалниот углед, почитта од страна на нејзиното семејство и статусот во друштвото. Страв ѝ е од понижување од каков било облик или осиромашување (особено доколку имала пари, па сега нема). Се плаши од приврзување за куќните љубимци, без разлика колку ги сака, бидејќи тешко поднесува доколку ги изгуби.

Риби

Рибите се едни од најамбициозните знакови, па најмногу се плашат од губењето на авторитетот, но повеќе во професионална смисла, отколку во кругот на неговото семејство. Рибите тешко се откажуваат од кариерата, особено доколку еднаш се заблажат со чувството на моќ, влијателност и финансиски можности, бидејќи сето тоа им овозможува да ги проголтаат помалите риби од нив. Стравот дека некој би можел да ги претекне во нешто или да биде подобар од нив, во момент кога се одлучува за неговото/нејзиното унапредување во фирмата, е поголемо од кои било други чувства кај рибите. Меѓутоа, без разлика колку е голема опасноста којашто им се заканува, рибите сепак секогаш знаат да „испливаат“ на површината.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Jarec Reply

    Za jarec tocno e se 😀

Остави коментар