Од хаосот се раѓа нешто ново! Откријте какво ќе биде влијанието на Марс, Сатурн и Уран во наредниот период
Марс, Сатурн и Уран во наредните денови ќе создадат напнато астролошко сценарио кое ќе се одрази врз вашиот секојдневен живот. Сè започна на 9 ноември кога се „судрија“ Марс во Скорпија и Сатурн во Водолија, а оваа небесна војна ќе заврши на 18 ноември.
Марс е активен по природа, сака да се движи и дејствува, но овие денови Сатурн му порачува да застане и да размисли убаво, бидејќи сè уште не е време за дејствување.
Бидете стрпливи. Свесни сте дека што и да сакате не можете да го постигнете со сила. Дајте си време да созреат околностите пред да се одлучите на чекор. Ова може да ви биде предизвик бидејќи многумина од вас имаат впечаток дека нешто пропуштаат и се обвинуваат себеси за тоа. Сепак, потребно е повеќе време и информации за да дојдете до подобро решение доколку сакате нешто да постигнете.
Марс и Сатурн носат ограничувања и одговорности од кои можеби сакате да избегате. Набргу ќе сфатите дека сега не е моментот за преземање голем чекор бидејќи не сте подготвени за тоа. Така, имате чувство дека се вртите во круг. Ќе ви биде полесно кога ќе се помирите со моменталната ситуација. Тоа не значи дека сте ја прифатиле ситуацијата како таква, туку дека во моментот ништо не можете да сторите бидејќи не сте доволно подготвени. Овие обврски се поврзани со стари лица, пари, здравје, пријатели.
Ова е и можност да сфатите дали имате проблем со одложување на работите и како да го решите. Како што Марс бега од Сатурн, така се приближува кон Уран во Бик. Овој нов аспект е налик на темпирана бомба спремна да експлодира. Не можете повеќе да чекате, па полни со лутина и гнев правите нешто непромислено и си нанесувате повеќе штета отколку корист. Ваквото однесување се сведува како резултат на тоа дека премногу долго страдате и чекате нештата да се подобрат, па кога ќе сфатите дека веќе не ви оди, почнувате да ги прекршувате правилата. Истовремено, ова може да значи и повик да излезете од вашата удобна зона и да ги надминете стравовите кои во голема мера ве кочат во последно време.
Пред да направите нешто непромислено, застанете и запрашајте се дали тоа што сте наумиле да го сторите ќе ви донесе некаква корист. Ова е период кога се раѓаат промени, кога ќе се здобиете со храброст за да преземете нови чекори. Важно е да имате јасна намера и да делувате промислено, за да не западнете во хаос и неволји.
Откако прочитавте како ќе се одразат движењата на Марс, Сатурн и Уран врз нашето секојдневие во следниот период, можеби ќе сакате да го прочитате и неделниот хороскоп од 8 до 14 ноември.
Извор: atma.hr