Очекувања наспорти реалност: Како е да се состанувате со секој хороскопски знак? - Part 2

Очекувања наспроти реалност: Како е да се состанувате со секој хороскопски знак?

Очекувања наспроти реалност: Како е да се состанувате со секој хороскопски знак?

Вага

Очекувања: Тие се секогаш дотерани и приредуваат многу забави. Ретко донесуваат одлуки, но се толку симпатични и слатки, па затоа нема да им замерите. Ќе се возбудат на секој ваш романтичен гест и ќе очекуваат врската да биде нивна верзија на љубов од бајките.

Реалност: Тие ќе сакаат да бидат вклучени во различни друштвени собири, но ќе сакаат и вие да бидете со нив. Вагите ќе балансираат меѓу нивните животи и распоредот за да се прилагодат и на вашиот распоред. Тие ќе ви покажат за што имаат страст и нема да се плашат да се борат за тоа. Вашето мислење ќе им биде многу важно, но треба да бидат свесни дека не секогаш се во право. Тие ќе направат сè за вашиот обичен живот да изгледа како бајка, само затоа што се многу идеалистички настроени.

Скорпија

Очекувања: Секс. Неколку сериозни флертови и разговори за животот, проследени со повеќе секс. Скорпијата ќе полуди ако ве види како разговарате со некој друг, но љубомората ќе исчезне за 3 дена. Потоа ќе бара да ѝ надоместите преку… повеќе секс.

Реалност: Скорпиите првично изгледаат воздржано, но брзо ќе сакаат да дознаат сè за вас. Тие ќе ја покажат својата заинтересираност кон вас, но тоа нема да се манифестира само на физички начин. Ќе ви ја покажат својата страст, а стравот ќе му даде ново значење на поимот „страст“. Тие ќе бидат тврдоглави и љубоморни на моменти, но само затоа што мислат дека вие ги управувате. Скорпиите сакаат да бидат сигурни дека и двајцата сте инвестирале подеднакво во врската. (Да, сексот ќе биде неверојатен. Тоа веќе го знаете).

Стрелец

Очекувања: Ретко ќе останете на едно место, секогаш патувајќи на нови места заедно. Тие ќе внесат авантура во вашиот живот, така што ќе мора да се навикнете на тоа. Се чини дека ги прават работите сосема случајно и веројатно ќе биде тешко да ги натерате да се „отворат“ за сериозните прашања. Во врска со нив ќе се чувствувате забавно и лесно, но не особено сериозно.

Реалност: Тие ќе ве натераат да се насмеете и ќе ви го разубават денот повеќе отколку што можете да замислите. Стрелците се љубопитни и истражувачки настроени, но може да направат дури и обичните работи да ги почувствувате како авантура. Тие се весели, но се полни и со длабоки и сложени чувства што ќе ги споделат со вас откако ќе се чувствуваат удобно. Тие сакаат да поминувате време заедно и да бидат обожувани, но исто така, ја сакаат и вашата почит. Тие ќе ве натераат да излезете од вашата зона на удобност и ќе ви станат најзначајната поддршка во потрагата по вашите соништа, без оглед колку тие звучат лудо.

Јарец

Очекувања: Јарците ќе поминат голем дел од своето време на работа, па нема да имаат толку време за вас. Ќе заработат куп пари и најмногу ќе ја покажуваат својата љубов преку купување подароци и честење ручеци. Тие не ги изразуваат своите емоции често и може да делуваат малку ладно и затворено. Но, ќе ве почитуваат ако сте многу вредни. Лошата страна е што никогаш нема да бидете сигурни во нивната љубов.

Реалност: Јарците ќе го бранат својот став без разлика на сè.  Тие одбиваат да губат време и енергија залудно, па затоа се состануваат само со личности за кои се многу заинтересирани. Ќе ја ценат вашата етичност и напорна работа, но свесни се и дека има многу повеќе од тоа во животот. Тие ќе ви ја покажат и својата наивна и ранлива страна, ако сметаат дека може да ви веруваат. Ќе се грижат за вас на секој начин и ќе ве охрабрат кога тоа најмногу ќе ви биде потребно.

Водолија

Очекувања: Тие ќе бидат неверојатно оддалечени од вас со денови, а потоа одеднаш ќе ве опсипат со љубов. Водолиите сакаат да зборуваат само за нештата што нив ги интересираат, инаку им е здодевно. Тие постојано ќе се трудат да ја потврдат својата независност и ретко ќе ве наведат вистински да ги запознаете, но ќе ве заинтригираат доволно за сепак да ве задржат.

Реалност: Ним им е потребна нивна слобода, но ќе ве поттикнат и вие да си ја задржите ваша. Тие секогаш ќе ви се враќаат и нема да ве остават на цедило. Можеби за нив е тешко да се приврзат кон вас, но ако навистина се грижат за вас, тогаш ќе ви кажат што им треба во врската. Понекогаш ќе бидат иритирани, но сепак, ќе ги почитуваат вашите граници. Ќе си дозволат понекогаш да бидат и емотивни или ранливи пред вас, затоа што нивната љубов произлегува од начинот на кој комуницираат со вас.

Риби

Очекувања: Тие ќе бидат постојано исклучително емотивни и чувствителни. Ќе ја идеализираат вашата врска и ќе заборават на реалноста. Веројатно ќе напишат околу 100 песни за љубовта или за вас, но никогаш нема да ги споделат со друг. Тие ја обожуваат романтиката и би направиле сè за да бидете среќни.

Реалност: Тие се длабоко грижливи и се во допир со своите емоции, па ги користат за да ја направат врската уште подобра. Тие внимателно ќе ве ислушаат за сè што ви се случува во животот и ќе сторат сè што можат за да ви помогнат. Ќе сакаат и вие да бидете дел од нивниот креативен свет и ќе ве натераат да ја согледате и вашата креативна страна. Рибите ќе се обидат да ве изненадат затоа што не се плашат од големите романтични гестови. Никогаш нема да остават да се прашувате дали ве сакаат, затоа што тоа вие веќе добро го знаете.

Можеби сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци мислат дека Денот на вљубените е преценет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар