Очекувања наспорти реалност: Како е да се состанувате со секој хороскопски знак?

Очекувања наспроти реалност: Како е да се состанувате со секој хороскопски знак?

Очекувањата се една работа, а реалноста друга. Прочитајте каков хороскопски знак сте вие или вашиот партнер во однос на романтичните состаноци.

Очекувања наспрoти реалност: Како е да се состанувате со секој хороскопски знак?

Овен

Очекувања: Овните сакаат постојана авантура и никогаш не седат дома. Понекогаш расправијата со нив може да се претвори во секс за помирување. Многу се лутат и постојано се караат. Сакаат да бидат главни и секогаш да го имаат последниот збор.

Реалност: Овните се трпеливи и нема да се помират додека не ве добијат, а тогаш се спремни да сторат сè за вас. Тие оставаат нивните постапки да зборуваат погласно од нивните зборови, но не се плашат и да се изразат понекогаш. Тие имаат огнен дух, но и нежно срце кое сакаат да биде згрижено и покрај тоа што се прикажуваат како ладнокрвни. Сакаат да го преземат водството, но ќе ве држат за раката за заедно да „шетате“ низ животот.

Бик

Очекувања: Лавот е неверојатно тврдоглав и инсистира секогаш да биде по негово. Тој сака да бидете дел од неговиот свет, но тој никогаш нема да се обиде да биде дел од вашиот. Ќе се фокусира само на романтика и ќе започне да ја планира вашата иднина уште пред крајот на вашиот прв состанок.

Реалност: Лавот е длабоко посветен и внимателен. Тој сака да знаат сè за вас, па затоа сака да поминувате повеќе време заедно. Ќе ве обвие со љубов и воодушевување, но ќе биде тука за вас и кога ќе ви биде потребен. Неговата цел е да создаде иднина со вас, а истовремено да биде и вашиот најдобар пријател.

Близнаци

Очекувања: Никогаш нема да знаете што да очекувате, тие зборуваат многу и секогаш ќе сакаат да ве одведат во нови авантури, разговарајќи за 70 различни теории одеднаш. Близнаците се многу дружељубиви и ќе сакаат да поминуваат време и со вашите пријатели, но вие нема да бидете сигурни дали се доволно посветени на вас.

Реалност: Тие ќе ви ги покажат сите можности во секоја ситуација, така што вашите разговори никогаш нема да бидат здодевни. Секогаш ќе бидат тука за вас, кога и да ви затребаат. Ќе сакаат да бидете поврзани и да ги запознаваат сите ваши блиски. Можеби не се токму онакви какви што си замислувавте, но тие сакаат да ви ги покажат сите нивни различни особини, а сакаат да ги дознаат и вашите.

Рак

Очекувања: Ќе бидете опкружени во толку многу љубов и преданост, па нема да знаете што да направите со нив. Ракот ќе започне да ја планира вашата венчавка по само 2 недели излегување. Тој може да биде малку посесивен, но тоа го прикажува на прекрасен начин. Постојано сака да зборува за своите чувства и веројатно ќе ви направи торта без причина.

Реалност: Раковите на прв поглед веруваат во љубовта, но сакаат да изградат и доверба кон вас пред да се нурнат премногу длабоко. Тие се интуитивни за нивните и вашите чувства. Може да почувствуваат ако имате потреба од пауза и ќе се обидат да се подобрат. Тие зборуваат за своите чувства, но само во контекст на унапредување на врската. Знаат дека комуникацијата е од суштинско значење, па затоа умеат да ви покажат како се чувствуваат. Раковите сакаат длабоко и искрено и да… веројатно ќе ви направат и торта без причина.

Лав

Очекувања: Тие се грижат за вашите интереси, но повеќе се грижат за нивните интереси. Сакаат постојано да ве „покажуваат“ пред другите, но сакаат и да бидат сигурни дека двајцата добро изгледате додека трае „парадата“. Тие ретко сакаат да останат дома бидејќи има многу нешта што треба да ги направат.

Реалност: Тие се искрени со вас во врска со нивните чувства. Ако се состануваат со вас тоа е затоа што се вистински заинтересирани за вас. Тие мислат дека сте неверојатни и сакаат сите да го знаат тоа. Ќе ве поддржат во вашите соништа и се надеваат дека и вие ќе им возвратите со поддршка. Тие секогаш ќе ве заштитуваат и ќе одат и подалеку од нивната можности заради љубовта кон вас, затоа што едноставно веруваат дека вие тоа го заслужувате.

Девица

Очекувања: Девицата ќе биде крајно претпазлива и ќе мора многу да се трудите за да ја „отворите“. Таа веројатно ќе ја исчисти вашата соба наместо вас, ако мисли дека сте премногу неуредни. Таа ќе биде како ваша мајка, на некој начин, но во позитивна смисла. Таа се грижи за вас, но тоа најмногу ќе го покаже преку саркастични коментари и суптилни афирмации.

Реалност: Таа ќе ги забележи сите детали за вас и ќе ги земе предвид кога ќе бидете заедно. Ќе ѝ биде потребно време за да се „отвори“, но нема да губи време ако смета дека не вредите. Девицата е трпелива, но вредна за чекање. Ќе ве охрабри да стекнете подобри навики и ќе ве пофали за тоа. Таа ќе ве сака на начин на кој не сте навикнати и со неа никогаш нема да ви недостасува романса или посветеност.

Продолжете да читате за другите знаци на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар