Ноември е месец на сродни души! Еве што значи ако често го гледате бројот 1!
Во текот на месец ноември, сонцето ќе биде во Скорпија, знакот на сродните души. Ноември е месец кога судбината ќе спои две сродни души, но за да дојде до тоа, ќе морате малку да се потрудите. Универзумот ќе ви овозможи состанувања, а на вас останува да ја преземате понатамошната иницијатива.
Честопати судбината праќа знаци преку бројките, без разлика дали се тие на часовникот или на регистарските таблички на возилата. Една од најпознатите комбинации е 11:11. Комбинацијата може да биде и поширока – 11, 111 или 11111. Во секој случај, повторувањето на бројот 1 е судбински аларм и знак дека се очекува нешто големо. Но, тоа не е сѐ. Комбинацијата 11:11 исто така означува длабока врска со сродните души. Кога често ја гледате, тоа значи дека треба да обрнете влијание на своите чувства и мисли, да заборавите на разумот и да го слушате срцето.
Бидејќи ноември е единаесетти месец во годината, во единаесеттиот ден овој месец следува космички повик кога ќе се разреши вашата љубовна ситуација. Кога на сето тоа ќе го додадете и тоа дека на овој датум ќе има и млада месечина, астролозите нагласуваат дека навистина ќе ви се промени љубовниот живот и тоа на најдобар можен начин! Затоа, овој месец поминете го во мир и слушајте ги знаците. А тогаш кога ќе добиете знак, постапете онака како што ви вели срцето.