Нивната љубов предизвикува зависност: Жените родени во овој хороскопски знак се навистина посебни

Нивната љубов предизвикува зависност: Жените родени во овој хороскопски знак се навистина посебни

Што е најпривлечно за мажите? Најчестиот одговор би бил: Женската убавина и сензуалност. Постојат безброј обиди да се долови енигмата на жената во песни, сонети, уметнички слики и скулптури, но ретко кога може да се отслика нејзината вистинска суштина.

Нивната љубов предизвикува зависност: Жените родени во овој хороскопски знак се навистина посебни

„Убавината е вистина, вистината е убавина – тоа е сѐ што знаеме на Земјата и сѐ што ни треба да знаеме.“ – Џон Китс

Магијата на убавината постојано ги освојува срцата на мажите, а копнежот по непознатото ги тера да скршнат од својот пат. Желбата да го добијат недостижното е како дрога за нив. Но, шармот на одреден хороскопски знак отсекогаш имал најголемо влијание на мажите. Припадничките на тој знак се необјасниво привлечни, како магнети.

Станува збор за Рибите. Тие можат слободно да се споредат со божици и неретко им се припишува епитетот „совршени“. Жените родени во овој знак имаат посебни моќи. Сите ваши ѕидови и маски ќе паднат пред нив. Тие можат да продрат во вашата душа и токму тоа ги прави посебни. Па, зошто женските Риби се толку неверојатни?

Имаат романтична душа

„Суштината на секоја љубов е несигурноста.“ – Оскар Вајлд

Невозможно е да се проучуваат Рибите. Тие се мистериозни и интересни. Можете да си мислите дека ги познавате, но вие ја знаете само идејата за нив. Знаете дека се убави и привлечни. Дури и наједноставните работи што ги прават, содржат во себе одредена доза на непредвидливост. Тие одеднаш можат да ве фатат за рака во јавност или да ве оттурнат од себе, начинот на кој си играат со косата ќе ви го одземе здивот, ритамот на нивниот од ќе ве воодушеви. Кај нив ништо не изгледа обично. Не мора да кажат ништо за да ве освојат, самите нејзини заводливи дела ќе ве излудат.

Иако претпочитаат сериозни и долги врски, не им пречи одвреме-навреме да се впуштат во љубовна авантура. Рибите копнеат по романтична љубов што го прободува срцето. Ги привлекуваат силни и добро градени мажи. Имаат слободен дух, па затоа со сигурност ќе ги изгубите доколку се обидете да ги скротите. Тие се грациозни и не можат да бидат затворени во кафез од рутини и правила. Нивната неограничена слобода е тоа што ги прави посебни.

Нивната љубов предизвикува зависност

„Љубовта која не поставува прашања, љубовта која ги поминува сите тестови

Која лежи на олтарот на најдрагите и најдобрите;

Љубовта која никогаш не се двоуми, љубовта која ја плаќа цената

Љубовта која бестрашно ја прави конечната жртва.“

– Сер Сесил Спринг Рајс

Иако горенаведениот текст е дел од патриотска песна, сигурно помислата на таква посветена љубов ви предизвикува возбуда. Не постои човек кој не саката да доживее безгранична љубов што може да спои две души во една, љубов што секогаш победува. Можеби си мислите дека ваквите идеалистички идеи се резултат на бројните романи и песни напишани од страна на романтични души. Тоа значи дека не сте ја почувствувале љубовта на жената родена во знакот Риби.

Нивната љубов предизвикува зависност: Жените родени во овој хороскопски знак се навистина посебни

Владејачка планета на најженствениот знак во зодијакот е планетата Нептун која им дава женствена енергија на Рибите. Нивната љубов е многу интензивна. Дури и да заминете по различни патишта, нејзиното отсутно присуство засекогаш ќе остане во вашиот ум.

„Таа е вода

доволно нежна

за да понуди живот

доволно цврста

за да го потопи.“

– Рупи Каур

Нивната љубов е како слатка горчина. Можеби ќе си помислите дека никогаш нема да им простите поради тоа што ве повредиле, но доволно е само да погледнете во нивните длабоки очи и да заборавите на целиот свет.

Не се материјалисти

Честопати ја слушаме изреката „Најдобрите нешта во животот се бесплатни“, но и покрај тоа ретко кога можеме да им одолееме на материјалните богатства. Последниот знак во зодијакот, Рибите, е најнапреден. Ним природно им доаѓа спиритуалноста. Нивната свест е на толку високо ниво што можат да ги ценат најскапоцените духовни богатства кои ги нуди животот. Спиритуалноста подразбира потрага по среќа однатре и наоѓање внатрешен мир.

Жените родени во знакот Риби живеат и љубат со голема страст. Не се каат за ништо и живеат со полни гради. Астролозите веруваат дека Рибите ги поврзуваат и соединуваат сите различни карактеристики на останатите 11 хороскопски знаци и дека имаат остро 6-то сетило. Нема да можете да ги измамите Рибите. Освен тоа, тие обожуваат да бидат во центар на вниманието. Жените Риби се забавни, грижливи, романтични и чувствителни. Сакаат кога некој им угодува, па затоа носете ги на убави љубовни состаноци и опсипувајте ги со љубов и внимание.

Имаат слободен дух

„Можеби некои жени не може да бидат скротени. Можеби треба да трчаат слободно додека не најдат некој кој е исто толку див за да трча со нив.“ – Кендис Бушнел

Ова е описот што најмногу им одговара на Рибите. Припадничките на овој знак се полни со разбирање и мудрост. Тие можат да љубат без да очекуваат ништо за возврат, да знаат без детални објаснувања и да даваат без да поставуваат никакви услови. Токму затоа, тие се неверојатно привлечни. Нивниот дух е слободен и не може да биде покорен.

Во продолжение, откријте сѐ за девојките родени во знакот Риби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар