Ним им нема рамни! Хороскопски знаци кои најмногу ги обзема божиќниот дух

Ним им нема рамни! Хороскопски знаци кои најмногу ги обзема божиќниот дух

Божиќ е омилениот празник на сите нас. Сепак, некои луѓе уживаат во празничната атмосфера уште од почетокот на декември. Во домовите на овие луѓе веќе подолго време се гледаат божиќни филмови, се печат колачиња со ѓумбир или цимет и на најгласно се слушаат божиќните хитови, додека оние кои сè уште не ги зафатил празничниот дух, се чудат.

Ним им нема рамни! Хороскопски знаци кои најмногу ги обзема божиќниот дух

Во продолжение прочитајте кои хороскопски знаци први ги обзема божиќното расположение.

5. Риби

Се прашувате зошто Рибите не реагираат на вашите пораки деновиве? Тие немаат време затоа што од нивната печката излегува петтиот плех колачиња во облик на снешко и на сите страни местат новогодишни светилки и украси. Тие вечерва по 100-ти пат ќе го изгледаат „Сам дома“. Не обидувајте се да ја замените нејзината божиќна плејлиста со друга музика, бидејќи тоа нема да ви го простат. Романтичните Риби во нивниот ум евоцираат празнични спомени во текот на целата година.

4. Лав

Лавовите се љубители на добрата забава и дружењето, па со нетрпение ја очекуваат сезоната на празници. Тие се апсолутни ѕвезди на секоја божиќна забава и семеен собир. Обично не се премногу заинтересирани за готвење, но затоа се одлични забавувачи. Тие обрнуваат многу големо внимание на купувањето подароци затоа што сакаат да ги израдуваат своите најблиски и да ги „разгалат“ малку овој период од годината.

3. Девица

Додека на другите знаци им се крева косата од помислата за чистење на домот, колачите кои треба да ги испечат и многуте гости кои треба да дојдат, Девицата е подготвена за акција. Никој, како овој перфекционист, не ужива во сите подготовки за весел почеток на празниците. Нејзиниот дом ќе заблеска со својата чистота многу пред Божиќ и тој ќе се претвори во вистинска мала празнична оаза за уживање со семејството и пријателите.

2. Бик

Работливите и вредни Бикови ретко се мрзеливи и не им треба одмор. Меѓутоа, кога ќе пристигнат празниците, никој нема да ги спречи да уживаат. Биковите едноставно подетинуваат за време на празниците и немојте да се изненадите ако ги видите како прават снешковци и ја пеат „Сè што сакам за Божиќ“ („All I want for Christmas“) облечени во „грд“ божиќен џемпер. Ова е време во годината кога тие се одмораaт, се занимаваат сo готвење, дружење и прославување.

1. Рак

Овој грижлив знак сака топла семејна атмосфера, па затоа е сосема јасно зошто е на врвот на листата. Раковите ги обожуваат празниците и сигурно нема да чекаат во последната минута за да направат сè што е потребно. Ракот прв ќе купи подароци додека сè уште никој друг не размислува за нив, а потоа и ќе го украси домот. На Раковите ова им е најубавото време во годината, па затоа сакаат да уживаат во него што е можно подолго.

Можеби сакате да откриете и кои хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар