Никој не е совршен: Вашите најголеми маани според хороскопскиот знак
Секој знак има свои генерални карактеристики. Повеќето од нив се добри, но сепак има и по некоја лоша. Можеби некои за вас воопшто не важат, но можеби и ќе се препознаете во дел од нив. Дознајте кои се вашите најголеми маани според хороскопскиот знак.
Овен
Сè што го прави роден лидер, му ја отежнува соработката. Овенот сака резултати веднаш, а ако нема влијание од некоја мирољубива планета, ќе сака да се кара и да наредува.
Бик
Биковите сакаат да уживаат и умеат да работат за да си обезбедат луксуз. Но од друга страна пак, мрзеливи се, склони кон пороци и сакаат по полесниот пат да дојдат до удобност.
Близнаци
Со љубопитен дух и забавни, Близнаците умеат д ги кријат своите активности и интереси и да водат двоен живот. Лажењето е нивната најголема маана.
Рак
Познатата Ракова чувствителност понекогаш прераснува во драми и во тотална нестабилност. Тие не можат сами.
Лав
Пресериозно се сфаќаат себеси, одмаздници се и немаат смисла за хумор. Кога не се главни, воопшто не им е добро.
Девица
Тактична, аналитична, но секогаш гледа сè црно. Секогаш на памет им е најлошиот можен исход.
Вага
Освен познатата неодлучност која ги краси сите Ваги, најлошата особина на овие инаку стабилни, одмерени и пријатни луѓе, е тоа што многу тешко можат да дојдат до сопствените емоции. Тие се огледала кои го рефлектираат она што другите го чувствуваат, па затоа хармонијата им е многу важна.
Скорпија
Им одолева на промените и тврдоглаво чекори по истиот пат. Таа има сила за тоа, но така ја уништува сопствената можност за среќа.
Стрелец
Се брани со своите стрели, а цели прецизно и немилосрдно. Никој не умее да повреди толку многу како Стрелецот во одбранбена состојба.
Јарец
Работохоличари, секогаш загрижени и обземени со исполнување на дневниот распоред. Ако се на одговорна позиција, ги употребуваат подредените како хартиени марамчиња.
Водолија
Тие умеат да ви натоварат чувство на вина како никој друг. Често во себе носат зрно генијалност, кое доколку не израсне и созрее, ќе прерасне во лудило.
Риби
Кога се препуштени сами на себе, Рибите се тотално непрактични и неповрзани со реалноста. Чезнат за поддршка, а не умеат ниту да ја препознаат, ниту да ја примат. Секогаш сакаат повеќе.