Никогаш не би претпоставиле, но овој хороскопски знак има најнежно срце

Никогаш не би претпоставиле, но овој хороскопски знак има најнежно срце

Можеби Раковите се молчеливи и не пуштаат никого во својот свет, можеби Скорпиите се таинствени и мистериозни, но никој не е како овој критичен, организиран перфекционист чија надворешност воопшто не соодветствува со неговата внатрешност. Па, доколку имате Девица во вашиот живот, добро е да ги знаете овие нешта за неа…

Девицата има исклучително нежно срце, иако не делува така. Затоа и таа прави сè што е во нејзина моќ за да го заштити. Ова често води кон создавање сосема нова личност во јавноста, што изгледа силна, недопирлива и незапирлива. Но, ако успеете да ѝ се приближите доволно и таа ви дозволи да погледнете во неа, ќе сфатите дека не постои друг знак со понежно срце.

Девиците се многу чувствителни, па затоа и треба да бидете внимателни. Тие толку многу ги потиснуваат своите емоции, што доаѓа момент кога ќе „пукнат“. Затоа е важно да им помогнете да се чувствуваат доволно сигурно за да можат да зборуваат за своите емоции. И секако, многу им е важно да ги сослушате целосно.

Од друга страна пак, Девиците не ги поднесуваат менталните игри и не сакаат претпостави. Ако мораат да се борат за да дознаат што мислите или што чувствувате за нив, тие ќе сметаат дека само им го губите времето и ќе си заминат. Исто така ќе мислат и дека сте незрели, па затоа си играте со нив. За да задржите Девица покрај вас, мора да бидете искрени и секогаш да ја кажувате вистината.

Ретко кој друг знак дава толку многу на другите, а се грижи толку малку за себе. Всушност, ако мислите дека ви наметнува невозможни стандарди, верувајте, за себе има три пати повисоки. Затоа е важно да се обидете ја размазите Девицата колку што можете повеќе, за да ја размекнете. Таа никогаш нема да го злоупотреби ова, баш напротив.

Девицата има уникатна моќ да „намириса“ лажливец на километар од неа, па затоа е клучно да бидете искрени со неа. Добрата страна на тоа што е интуитивна е моментот што Девицата сама ќе почне да зборува за тешка тема доколку смета дека вам ви е незгодно, а сепак сакате да разговарате. Лошата страна е што не можете да скриете ништо од неа!

Никогаш не земајте ја Девицата здраво за готово. Нејзината лојалност нема граници и таа би останала покрај вас без разлика на сè. Но, ако мисли дека е во еднострана врска, без разлика дали станува збор за пријателска или љубовна, таа веднаш ќе стави крај. После тоа за сè ќе биде доцна, бидејќи Девица никогаш не се враќа назад на тоа што го ставила зад себе.

Дури и ако имаат неколку докторати зад себе, Девиците се неодоливо слатки во љубовта!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар