Нескротливи девојки: 3-те хороскопски знаци кои се познати како развратни божици

Нескротливи девојки: 3-те хороскопски знаци кои се познати како развратни божици

Жените се превртливи и дефинитивно се најдобрите манипулатори на светот. Никој нема право да ги осудува другите луѓе, особено кога е во прашање љубовта, но дури и ако сте слободоумни, жените со ваков карактер би можеле да ве шокираат. Со нив дефинитивно ќе имате проблеми, но понекогаш познавањето на хороскопските знаци може да ве заштити. Хороскопот ви ги открива најголемите грешници, кои се многу полоши од мажите со истиот знак.

Дознајте кои жени се најголемите грешници според хороскопот

Овен

Освен ако некое чудо не го скроти бурниот животен ритам на дивата жена Овен, таа ретко останува верна. Колку и да ве сака, во нејзиното срце секогаш има љубов за некој згоден фраер. Од една страна, таа воопшто не може да функционира кога не е заљубена, но од друга страна секој љубовник многу брзо ѝ досадува. Љуби страсно и го живее секој ден како да е последен. Тоа е воедно и нејзиното животно мото.

За жената Овен се вели дека е како маж во женско тело. Таа е роден ловец. Најдобра е во флертувањето и заведувањето. Тоа ѝ е еден вид хоби, или поточно како игра на освојување, со оглед на нејзиниот натпреварувачки дух. Кога мажот лесно ќе падне на нејзиниот шарм, таа го прегазува и оди понатаму во потрага по поголем предизвик. Нејзината авантуристичка природа ретко кој може да ја скроти.

Близнаци

Љубовните авантури на оваа жена ѝ служат за да го зачини животот и да го направи повозбудлив. Таа со неверојатна леснотија преминува од еден на друг партнер, без притоа да се умори ни за момент. Претпладне се впушта во диви страсти со некој мистериозен странец, а веќе попладнето е во топлата прегратка на нејзиниот партнер. Таа се предава себеси целосно и во двете ситуации.

Кога веќе има најмалку две лица и две души, зошто да нема и две момчиња, па дури и повеќе? Едниот ѝ служи за груби игри, другиот за нежно водење љубов, третиот за разговор, четвртиот за којзнае што. Никој никогаш не дознал колку љубовници имала жената Близнаци и веројатно никогаш и нема да дознае.

Риби

Жената родена во овој хороскопски знак е вистинска робинка на љубовта. За неа игрите во креветот се многу повеќе од обично физичко искуство. За неа тоа е еден вид медитација и екстаза. Сѐ во едно. Таа го дава целото нејзино срце и секој дел од нејзиното тело. Кај Рибите нема забранети зони. За разлика од останатите грешници, таа никогаш не изневерува, но нејзиното срце е превртливо и за момент може да се олади. Тогаш веднаш ќе побара нова прилика. И со новиот партнер ќе се однесува како да се вљубува за прв пат во животот и како никогаш да не сакала никој друг на истиот начин.

Од сите грешници во хороскопот, Рибите се најискрени. Тие имаат душа на љубопитно дете и тело на развратна божица. Затоа не ги разбираат сите тие општествени стеги и не сакаат ни да помислат дека прават нешто погрешно. Сите нивни кратки и долги врски се многу страсни и комплицирани, но неверојатно искрени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар