Неделен хороскоп од 9 до 15 мај: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Во продолжение прочитајте ги астролошките предвидувања за оваа недела.
Овен
Голема е веројатноста дека оваа недела ќе одите на кратко патување со партнерот кое ќе ви остави убави спомени. Во поглед на кариерата, морате да ги дефинирате вашите деловни приоритети и цели. Размислете добро пред да одлучите, но и не заборавајте да се одморите од секојдневните работни обврски.
Бик
Советите на луѓето кои се постојано околу вас ќе ви помогнат да ја пребродите неуспешната љубовна врска. Многумина од вас, пак, помош ќе побараат и во книги со инструкции за личен развој. Во поглед на професионалниот живот, во овој период ќе успеете да завршите голем дел од предвидените активности. Но, ќе се појават и нови можности. Сепак, вие треба да ви одлучите што е тоа што ви одговара.
Близнаци
Во поглед на љубовта, во текот на оваа недела ќе уживате со партнерот, но и со пријателите (доколку не сте во врска). Нема да чувствувате притисок да развиете подлабок однос со некого. Во однос на кариерата, овие денови ќе имате можност да ги покажете вашите способности. Затоа, не двоумете се и дадете сè од себе, а трудот набргу ќе ви се исплати.
Рак
Ве очекува интензивен друштвен период. Тоа ќе ви донесе и многу нови познанства, но сепак нема да ве исполни докрај. Во поглед на професионалниот живот, ќе наидете на поддршка од другите во она што го правите, но воздржете се од непотребните критики.
Лав
Можеби подолго време сте рамнодушни во поглед на љубовта, но таа повторно ќе ве изненади. Астролозите предвидуваат дека брзо ќе се прилагодите на новата ситуација иако ќе бидете малку изненадени на почетокот. Во наредните денови, работните обврски ќе бидат на второ место. Ќе размислувате повеќе за духовноста при што ќе внесете новитети во домот, а задачите на работа ќе ги вршите рутински.
Девица
Ѕвездите ќе ви бидат наклонети во поглед на љубовта. Ќе бидете среќни и исполнети и ќе сакате сè да споделите со саканата личност. Тоа ќе ви помогне и да ги занемарите малите грижи. Во однос на професионалниот живот, ќе наидете на одредени пречки кои ќе можете да ги надминете доколку покажете што знаете и умеете.
Продолжува на следната страница…