Неделен хороскоп од 9 до 15 јануари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 9 до 15 јануари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Крајот на ретроградното движење на Марс ќе доведе до важни промени на полето на финансиите и кариерата – должностите ќе се променат и платата ќе се зголеми. Покрај тоа, многу жени родени во овој знак ќе можат да станат посамоуверени и да ги откријат своите таленти.

Неделен хороскоп од 9 до 15 јануари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Втората половина од неделата е најдобро време за разговор со партнерот. Освен тоа, оваа недела ќе имате можност да остварите корисни врски, а доколку не сте во врска, ве очекува ново романтично познанство. Сепак, бидете внимателни со токсичните луѓе околу вас.

Стрелец

Треба да бидете повеќе внимателни на работа. Најверојатно некој од вашите колеги или претпоставени ќе побара ваш совет, а можеби од вас ќе се очекува и да решите одреден проблем. Втората недела од јануари ќе биде одлично време да го промените вообичаениот тек на работите и да научите да се сакате повеќе себеси. Исто така, ќе биде одличен момент и да се ослободите од работите кои ја попречуваат вашата животна енергија. Ако навистина сакате да се ослободите од нешто, сега е времето да го сторите тоа.

Јарец

Оваа недела ќе блескате со шарм и мотивација. Сето ова ќе ви помогне да го постигнете она што претходно ви изгледало речиси невозможно. Време е да го направите првиот чекор. Астролозите ве советуваат да се подготвите за долгото искачување по скалилата на успехот така што неопходно е да направите добар план. Освен тоа, обидете се да не ја трошите енергијата залудно и ослободете се од негативните мисли.

Водолија

Астролозите ве советуваат да направите обид за да излезете од вашата удобна зона. Сега ќе биде одлично време да се погрижите за вашиот изглед, да го промените имиџот и да ја зголемите вашата привлечност. Дополнително, астролозите наведуваат да планирате плодна тимска работа. Можно е и да се зближите со пријателите, со саканата личност. Во секој случај, важно е да ги земете предвид желбите на најблиските и да не ги игнорирате нивните совети.

Риби

Треба да им ставите крај на навиките кои лошо влијаат врз вашиот развој. Оваа недела ќе биде одлично време да се ослободите од сè што ве влече надолу и прави да се чувствувате лошо. Во тоа ќе ви помогнат најблиските – партнерот, пријателите, роднините. Втората половина од неделата ќе биде особено погодна за учење нови работи бидејќи Марс повеќе нема да биде ретрограден, а тоа ќе придонесе за подобрување на меморијата и вниманието.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во првата половина на 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар