Неделен хороскоп од 8 до 14 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела? - Part 2

Неделен хороскоп од 8 до 14 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Вага

Љубов: Ви претстои подобрување на личните односи. Така, луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Тоа ќе значи и подобрување на вашата љубовна врска.

Кариера: Работната недела ќе ви биде полна со предизвици. Од една страна, едвај чекате да добиете можност и да покажете што знаете, а од друга страна можеби ќе биде попаметно доколку ја одложите дискусијата за одредени теми. Најдобро од сè би било да воспоставите рамнотежа помеѓу овие две работи.

Неделен хороскоп од 8 до 14 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Шкорпија

Љубов: Овие денови ќе ги намалите дружбите со пријателите бидејќи вниманието ќе го насочите кон заедничкиот живот со партнерот. Така, доволно ќе ви биде да останете дома со саканата личност или да отидете некаде каде што ќе сте сами.

Кариера: Како што одминува неделата ќе ви станува сè појасно дека вашата кариера се одвива во вистинскиот правец. Ова сознание ќе ве исполни со мир и задоволство. Освен тоа, ќе бидете подготвени и за нови соработки.

Стрелец

Љубов: Можеби сте можеле да направите повеќе, но нема причини за незадоволство. Затоа, насочете ги сите напори кон зацврстување на она што веќе сте го постигнале во приватниот живот.

Кариера: Атмосферата на работното место ќе се подобри со оглед на отсуството на дел од несаканите колеги. Сепак, ќе морате да ги завршите преостанатите обврски, но недостигот од вистинска акција ќе предизвика монотонија кај вас.

Јарец

Љубов: Во следните денови ќе ви бидат отворени вратите на љубовта, а вие сè почесто ќе почнете да се смеете.

Кариера: Ќе бидете подготвени да ги охрабрите луѓето на работа со цел заеднички да постигнете повеќе. Освен тоа, ова ќе ви помогне и да останете фокусирани на приоритетите.

Водолија

Љубов: Се чини дека нештата полека си доаѓаат на своето место. Ве очекуваат нови средби и познанства кои ќе ве направат среќни и задоволни.

Кариера: Ќе излезе на виделина нешто долгоочекувано. Ова, од друга страна, ќе предизвика нови потези кои малкумина би ги очекувале. Сепак, со оглед на тоа дека сте доверлива личност, колегите ќе ви се придружат во обидите да продолжите напред.

Риби

Љубов: Сега ќе можете полесно да разговарате, па дури и да анализирате сомнежи од вашето љубовно минато. Партнерот со задоволство ќе ве слуша, но истото ќе го очекува и од вас.

Кариера: Откако ќе ги добиете сите информации ќе тргнете во акција со уште поголема посветеност. Најверојатно ова е вашето време да почнете да го реализирате сето она за кое сте сонувале. Доволно е да не брзате и да бидете трпеливи.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во август.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар