Неделен хороскоп од 7 до 13 март: Не пропуштајте ги астролошките предвидувања за оваа недела! - Part 2

Неделен хороскоп од 7 до 13 март: Не пропуштајте ги астролошките предвидувања за оваа недела!

Вага

Живејте во моментот и обидете се да не избрзувате со одлуките. Од друга страна, ќе добиете голема помош и поддршка од поискусните колеги на работа, а тоа ќе ви помогне брзо и навремено да ги извршите работните задачи. Во втората половина од неделата ќе мора да се соочите со реалноста од која одамна бегате, затоа обидете се да не бидете премногу строги кон себе.

Неделен хороскоп од 7 до 13 март: Не пропуштајте ги астролошките предвидувања за оваа недела!

Скорпија

На повидок се нови клиенти, па како резултат на тоа вашиот бизнис ќе продолжи да расте и оваа недела. Понекогаш ќе наидете на пречки, но не грижете се бидејќи партнерот ќе ви ја даде сета потребна поддршка. Во поглед на здравјето, пијте повеќе течности и избегнувајте мрсна храна.

Стрелец

Оваа недела ќе ве следи среќата не само во поглед на здравјето туку и професионалниот живот исто така. На добар пат сте да ги остварите своите замисли. Во поглед на финансиите, можеби е добро да почнете да размислувате за инвестирање во недвижнини. Не ги занемарувајте поволните ефекти на вежбањето особено доколку честопати сте уморни.

Јарец

Оваа недела ќе ви биде одлична можност да направите самоанализа и да утврдите во која насока се движи реализацијата на вашите планови. Навремено ќе ги завршувате работните обврски бидејќи во меѓувреме ќе вложите многу време и труд за да учите нови работи. Најважно од сè е да останете трпеливи и фокусирани. Обидете се да поминувате колку што е можно повеќе време со најблиските.

Водолија

Започнете ја неделата со јога и медитација што ќе ви помогне да ги смирите мислите и да се фокусирате на своите работни задачи. Прекумерната работа може да доведе до главоболка и проблеми со очите. Секогаш кога ќе имате можност за пауза, не пропуштајте да отидете на прошетка на чист воздух. Во поглед на љубовниот живот, ќе се подобри комуникацијата со партнерот.

Риби

Ве очекува позитивен пресврт во поглед на кариерата. Иако во последно време наидувате на многу проблеми и размислувате да ја напуштите работата, сепак на повидок е голема позитивна промена. Од друга страна, секогаш кога ќе наидете на проблеми ќе останете смирени докрај. Тоа ќе ви помогне да научите од сопствените грешки и да носите прагматични одлуки следниот пат.

Откако го прочитавте неделниот хороскоп од 7 до 13 март, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ќе се збогатат во март.

Извор: pinkvilla.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар