Неделен хороскоп од 7 до 13 март: Не пропуштајте ги астролошките предвидувања за оваа недела!
Што ве очекува оваа недела? Прочитајте во продолжение!
Овен
На работа ќе се соочите со проблеми што можат лесно да ви го расипат расположението. Бидете внимателни што зборувате пред другите бидејќи во спротивно можеби ќе се соочите со голема загуба. Избегнувајте да инвестирате во ризични инвестиции. Од друга страна, вашето семејство ќе ви ја пружи сета поддршка да напредувате во кариерата.
Бик
Оваа недела ве очекува голем успех на финансиски план. Ќе имате можност да ги развиете вашите бизнис планови благодарение на ново партнерство. Ѕвездите ќе ви бидат наклонети, а како резултат на тоа ќе можете да ги надминете сите пречки. Прекумерната работа ќе доведе и до притисок, па затоа не смеете да го занемарите времето за одмор и опуштање.
Близнаци
На крајот на неделата ве очекува награда за сиот труд што ќе го вложите во следните денови. Покрај сите тешкотии, ќе успеете да бидете постојано позитивно расположени, а вашите колеги ќе ви се восхитуваат за тоа. Сепак, дајте си малку време за одмор секој ден за да можете со нови сили да се справите со предизвиците.
Рак
Голема е веројатноста дека оваа недела ќе се чувствувате уморни поради полниот распоред. Очекувајте нови можности на деловен и работен план што ќе придонесат за зголемување на вашата самодоверба. Можно е исто така да наидете на дополнителен извор на приход. Здравјето ќе ве служи и оваа недела.
Лав
Оваа недела фокусирајте се повеќе на здрава исхрана и почесто вежбање. Покрај тоа, обидете се да останете смирени секогаш кога ќе наидете на некакви пречки. Почнете да практикувате јога и медитација за да не бидете постојано уморни. Во поглед на работата ве очекува голем успех.
Девица
Оваа недела вашиот бизнис ќе се одвива во најдобар ред и големи се шансите дека ќе завршите со вашите обврски уште во првата половина од неделата. Продолжете да верувате во своите квалитети и способности и не започнувајте со никого непотребна расправија. Можни се проблеми со дишењето како резултат на намалувањето на температурата, па затоа обидете се да не излегувате надвор доколку е непотребно.
Продолжува на следната страница…