Неделен хороскоп од 7 до 13 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 7 до 13 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Љубов: Елоквентноста и отвореноста ќе ви бидат адут за заведување на лица од спротивниот пол. Понекогаш ќе бидете недофатливи за другите. Сепак, не пропуштајте ги моментите на забава дури и ако отсуствува љубовта.

Кариера: Клучот за успех во бизнисот овие денови лежи во соработката и прифаќањето на некои компромиси. Не форсирајте го вашиот пат, бидејќи главниот збор засега го имаат другите. Бидете кооперативни и сè ќе оди во добра насока.

Неделен хороскоп од 7 до 13 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Љубов: Оние кои сакаат ќе сакаат интензивно, а другата страна ќе возвраќа малку помалку интензивно. Како и да е, нека го прифатат тоа што го имаат, а оние кои се слободни, пак, брзо и лесно ќе освојуваат.

Кариера: Погледнете подобро околу себе и ќе најдете многу кои би сакале да работат со вас. Потребно е подобро да се поврзете и да смислите поефективен организациски план. Откако ќе го направите тоа, сè што треба да направите е да продолжите со следните чекори.

Стрелец

Љубов: Ако сè уште барате сродна душа, обратете внимание на луѓето што ги среќавате на забави или спортски настани. Некој веројатно е многу заљубен во вас и едвај чека да го забележите тоа.

Кариера: Како што одминува неделата, ќе ви станува сè појасно дека го поседувате потребното знаење и стручност што се бара сега. Многумина ќе ви речат дека вие сте личноста која би сакале да ја вработат. Но, потребно е да покажете волја за соработка.

Јарец

Љубов: Првиот дел од неделата ќе донесе убави љубовни настани, а од средината на неделата работите ќе се одвиваат со забавено темпо. Љубовното расположение ќе ви биде послабо, можностите за познанства поретки, а оние во врска ќе се оддалечат малку еден од друг.

Кариера: Ќе наидете на добра можност за развој на кариера или професионален развој. Без разлика на надворешните околности, прифатете го она што ви се нуди и впуштете се во нови авантури. Ќе ги проширите своите хоризонти, а и ќе заработите нешто.

Водолија

Љубов: Сега ви е сосема јасно дека сакате и сте сакани. Единственото нешто што се прашувате е колку долго ќе трае. Ова прашање сега е излишно, а вашите грижи само ја оптоваруваат хармонијата што можете да ја живеете. Од вас зависи дали ќе се свртите кон светлината или кон темнината.

Кариера: Ќе ви се чини дека сè е во рацете на другите. Најлошо од сè, ќе бидете во право. Не можете многу да влијаете на работите во моментов, но тоа не значи дека нема да можете подоцна. За да бидете подготвени за тоа, не бидете нервозни и постојано соработувајте.

Риби

Љубов: Без разлика на внатрешната сигурност и самодовербата, ќе погрешите во чекорите. Успехот во приватниот живот ќе зависи од вас и од вашата способност за самоконтрола. Потрудете се, но бидете реални.

Кариера: Сè ве кочи сега. Ќе бидете во позиција каде што треба да се прилагодите на новите програми, најчесто на оние што ги смислиле другите. Не лутете се и прифатете ја ситуацијата онаква каква што е бидејќи немате друг избор.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат 4-те најопасни датуми во август.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар