Неделен хороскоп од 7 до 13 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!
Овен
Љубов: Страста што ќе ја покажете кон другата страна понекогаш ќе ја исплаши. Се чини дека сега точно знаете што сакате и го очекувате истото од вашиот партнер. Сепак, ќе биде потребно малку повеќе трпение за да се искристализираат ставовите. Бидете поумерени.
Кариера: Вашата проценка на работите треба да биде реална и зрела. Секој потег што ќе го направите го одразува она што го носите во себе. Затоа, подобро е да дозволите другите да зборуваат за вашата работа. Така сè ќе биде поубедливо.
Бик
Љубов: На вашето љубовно небо ќе се појави нова светлина. Долго го чекавте ова и нема да можете да верувате дека ви се отвораат нови љубовни можности.
Кариера: Ќе имате многу интересни моменти на работа. Оние чијашто природа на работата е креативна секако ќе бидат во плус. Ве очекува и поврзување со млади соработници, а вие самите ќе подготвите нови, подобри услови за работа.
Близнаци
Љубов: Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Ниту една дискусија, особено мотивирана од љубомора, нема да донесе резултати.
Кариера: На работа ќе можете да се истакнете повеќе од вообичаеното. Надредените ќе ги препознаат вашите квалитети, а можни се зголемувања и на приходите.
Рак
Љубов: Запознавањето ќе ви биде императив во приватниот живот. Нема да се стремите кон сериозна врска, барем не по секоја цена, но доколку се случи, ќе ја прифатите.
Кариера: Можно е да се најдете во ситуација кога ќе се проценуваат вашите достигнувања. Критериумите можеби се строги, но не плашете се – ги имате сите квалитети за да добиете добра оценка.
Лав
Љубов: Не вреди да мразите или да се расправате бидејќи тоа не води никаде. Подобро е да се повлечете и да размислувате во тишина, дури и за она што не ви се допаѓа сега. Тогаш препуштете се и фокусирајте се на позитивните нешта во вашиот приватен живот.
Кариера: Ќе ви биде особено корисна способноста да правите две работи во исто време. Од друга страна, бидете упорни докрај кога станува збор за остварувањето на вашите цели.
Девица
Љубов: Вашиот позитивен и ведар однос ќе ви донесе неколку љубовни поени. Партнерот ќе ја разбере вашата зголемена потреба за дружељубивост. Оние кои не се во врска ќе се забавуваат со познаници без никакви намери.
Кариера: Откако ќе решите еден проблем, сега ќе работите со помала напнатост и повеќе задоволство. Сепак, од вас ќе се бара зголемен ангажман. Затоа, засукајте ги ракавите и не поставувајте непотребни прашања.
Продолжува на следната страница…