Неделен хороскоп од 6 до 12 март: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 6 до 12 март: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Љубов: На моменти ќе ви се чини дека работите се одвиваат побавно отколку што вие би сакале. Вашата страст е разбудена овие денови и бара повеќе љубовна акција. Сепак, ќе мора да се договорите со другата страна и да го прилагодите темпото. Ќе успеете со малку трпение.

Кариера: Некои деловни проблеми конечно ќе останат зад вас. Покрај тоа, сега ќе наидете на нови можности, а како ќе ги искористите ќе зависи само од вас. Позитивно размислувајте и пронајдете во себе трпение и сила за надминување на препреките.

Неделен хороскоп од 6 до 12 март: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Љубов: Еден ден љубовното секојдневие ќе ви изгледа како живот од бајките, а следниот ден ќе ви биде здодевно. Оние кои се во врска ќе треба да ги усогласат своите потреби со оние на партнерот.

Кариера: Вработените во наставните, забавните и спортските дејности ќе можат да се изразуваат повеќе од вообичаено во својата работа. Многумина ќе добијат признание за своите вештини и способности.

Стрелец

Љубов: Понекогаш зборувањето може да ја уништи спонтаноста. Затоа, нека вашата љубовна приказна се развива природно и без премногу анализи. Секогаш ќе има време за нив подоцна. Едноставно уживајте.

Кариера: Ќе ви се чини дека сè е во рацете на другите. Веројатно сте во право. Во моментов не можете многу да влијаете на работите, но тоа не значи дека нема да можете подоцна. Затоа не бидете нервозни и не очајувајте бидејќи набргу нештата ќе се подобрат.

Јарец

Љубов: Шармот и енергијата ќе ви бидат адут за успешно заведување на лица од спротивниот пол. Понекогаш ќе бидете недофатливи за другите. Доколку сте во врска, уживајте во моментите на среќа покрај партнерот.

Кариера: Најдете сила во себе да поставите подобри критериуми во работата и да го работите она што треба да го направите. Не поставувајте ја границата премногу високо сега за себе затоа што сте во фаза кога околу вас има премногу предизвици и вашата енергија е на минимум.

Водолија

Љубов: Се чини дека љубовта од време на време ви се лизга од раце. Тоа ќе ве налути и тажни. Треба да разберете дека тоа не зависи само од вас бидејќи за љубов се потребни двајца.

Кариера: Ослободете се од вашите големи сомнежи кои се појавуваат кога работите не одат како што треба. Не зголемувајте ги вашите проблеми и тешкотии. Не е сè толку тешко како што изгледа на прв поглед. Комуницирајте со другите луѓе и ќе најдете решение.

Риби

Љубов: Астролозите ви предвидуваат нови љубовни познанства кои веројатно ќе ги стекнете на некоја од забавите на која ќе присуствувате. Освен тоа, ќе знаете како да ги урамнотежите приватниот и професионалниот живот.

Кариера: Ги решивте големите деловни сомнежи и сега похрабро одите напред. Малку по малку почнувате да градите нови услови за работа или нови проекти. Во себе носите светлина со која ќе разбудите многумина околу себе. Тие само треба да ви веруваат.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за март 2023 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар