Неделен хороскоп од 6 до 12 март: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 6 до 12 март: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Не пропуштајте ја астролошката прогноза за оваа недела!

Неделен хороскоп од 6 до 12 март: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Љубов: Ќе ве следи среќа во љубовта во текот на целата оваа недела. Пред вас се искуства кои сигурно ќе го збогатат вашиот приватен живот. Оние кои можеби сè уште не се во врска ќе имаат многу додворувачи.

Кариера: Повеќето од наредните денови ќе претпочитате да планирате. Многумина од вас ќе бидат на одмор. Тие, пак, што ќе останат на работа, ќе се соочат со одредени предизвици, но ќе издржат со својата необична смисла за хумор.

Бик

Љубов: Она што го замислувате во љубовта ќе биде посилно од реалноста, иако ни реалноста нема да биде лоша. Затоа некои од вас ќе претпочитаат да живеат во својата имагинација, гледајќи романтични филмови или ќе си мечтаат. Ќе има и такви кои ќе го почувствуваат сиот шарм на платонската љубовна врска.

Кариера: Незавршени работи од минатото се на дневен ред. Некои од нив ќе предизвикаат емоции кај вас, па ќе ги правите со носталгија или бес. Нема да ви биде јасно што правите и затоа не избрзувајте со одлуките.

Близнаци

Љубов: Ќе откриете дека незаинтересираноста за љубовта е резултат на вашето сомневање. Оние кои се во долги врски ќе забележат дека се оддалечиле од партнерот без вистинска причина. Размислете за тоа.

Кариера: Силата и убедувањето со кои ќе зрачите ќе ви помогнат да им влијаете на другите. Ако треба да придобиете некого, голема е веројатноста дека ќе успеете. Покажете што знаете и не застанувајте додека не ја постигнете целта.

Рак

Љубов: Ќе ја чувствувате својата сила секој момент, без разлика дали се соочувате со убавина, заведување или некаков проблем. Има малку работи преку кои нема да можете да поминете овие денови. Ќе зрачите со самодоверба и позитивна енергија.

Кариера: Имате идеја за работа која бара труд, но вие сте целосно посветени и подготвени да ја следите. Ќе иницирате некои работи кои можеби нема веднаш да дадат резултати, но ќе бидете на вистинскиот пат. Во сето тоа ќе помогнат и одредени влијателни луѓе.

Лав

Љубов: На вашето љубовно небо ќе се појави нова светлина. Долго го чекавте ова и нема да можете да верувате дека ви се отвораат нови љубовни можности.

Кариера: Сакате да видите конкретни резултати, а тоа се оние кои ќе почнат да се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално, но ќе сфатите дека сте ја насочиле работата во вистинската насока. Ќе бидете задоволни.

Девица

Љубов: Заедно со саканата личност ќе поминете низ интересни искуства во кои и двајцата ќе откриете нешто ново. Ќе сфатите не само дека се сакате туку и дека имате многу заеднички работи. Слободните исто така ќе бидат отворени за нови искуства.

Кариера: Веројатно ќе се најдете во ситуација кога вашите достигнувања ќе бидат анализирани од нечија страна. Критериумите можеби се строги, но не плашете се – ги имате сите квалитети за да добиете заслужена добра оценка.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар