Неделен хороскоп од 6 до 12 декември: Време е да им се посветиме на нашите скриени желби

Неделен хороскоп од 6 до 12 декември: Време е да им се посветиме на нашите скриени желби

Оваа недела космосот ќе ни овозможи да им се посветиме на нашите скриени желби и големи се можностите да ни се остварат. На почетокот на неделата, Марс, планетата на акцијата и дејствувањето, ќе се поврзе со Плутон и Јупитер, а тоа ќе нè поттикне да бидеме особено амбициозни и желни за успех. Во продолжение прочитајте ги предвидувањата на астролозите за секој од хороскопските знаци во следните денови.

Неделен хороскоп од 6 до 12 декември: Време е да им се посветиме на нашите скриени желби

Овен

Оваа недела ќе имате можност да се поврзете со луѓе кои би можеле да ви помогнат во остварувањето на вашите цели. Се работи за луѓе кои ја делат вашата визија и кои ќе ви бидат од голема помош при реализирање на вашите главни планови за 2022 година. Вашата моќ за привлекување нема да остане незабележана, особено од страна на некој од колегите но размислете двапати пред да ги помешате бизнисот и работата.

Бик

Ова е време кога треба да ја насочите сопствената енергија на интроспекција. Конјукцијата на Венера и Плутон ќе го насочи вашето внимание кон вашите подлабоки желби и како тие се рефлектираат врз вашите лични и деловни односи. Обратете внимание на знаците кои многу кажуваат за промените што треба да ги направите додека завршува 2021 и започнува 2022 година. На повидок е огромна трансформација!

Близнаци

Во текот на следните денови ќе бидете доведени во ситуација да се чувствувате збунето. Со оглед на тоа дека вашиот владетел, Меркур, ќе наиде на судир со Нептун, се очекува нарушување на комуникацијата на личен и деловен план и тоа во почетокот на неделата. За време на викендот размислете за тоа кои цели сакате да ги остварите во наредната година. Не грижете, Јупитер е овде да ве поддржи за да размислувате оптимистички.

Рак

Конјукцијата на Венера и Плутон ќе влијае врз подобрување на вашите односи со луѓето кои ви значат. Како интуитивен воден знак, вие сте неверојатно вешти во привлекувањето внимание, особено кога сакате да го постигнете тоа. Но, оваа недела вашето однесување може да стане посесивно па дури и манипулативно, ако не сте внимателни. Овој викенд Месечината во знакот Риби ќе ви помогне да се поврзете со вашата интуиција.

Лав

Во текот на следните денови, вашите мисли ќе бидат насочени кон една и единствена врска – без разлика дали се работи за љубовна или деловна. Свесни сте дека за нејзиното функционирање потребно е да вложите труд и дека енергијата што ќе ја вложите нема да помине без награда. Доколку се работи за романтична врска, можно е да се комплицираат работите во средината на неделата, но не очајувајте – ќе најдете начин како да ги решите недоразбирањата.

Девица

Вашата комуникација со партнерот ќе биде нарушена во периодот што следува па затоа добро би било да запомнете дека не треба брзо да судите бидејќи подоцна може да зажалите. Наместо да трошите премногу енергија на нарушените односи, обидете се да ја насочите кон нешто што ве прави исполнети како читање книга, гледање филм или некое друго хоби.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар