Неделен хороскоп од 5 до 11 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Не пропуштајте ја астролошката прогноза за оваа недела!
Овен
Љубов: Позитивните пресврти ќе ја освежат вашата љубовна врска. Затоа, обидете се да го подобрите односот кон личноста за која се грижите. Секако, неизбежни се малите недоразбирања, но не треба да се грижите за нив.
Кариера: Ви претстојат предизвици преку кои ќе дојдат до израз храброста и креативноста со кои се одликувате. Не заборавајте дека ќе постигнете успех само доколку ги примените овие две вештини.
Бик
Љубов: Не ве очекуваат најдобрите љубовни можности, но и покрај сè ќе останете оптимист. Така, многумина со задоволство ќе ве прифатат благодарение на вашиот позитивен став.
Кариера: Многу работи нема да се одвиваат на начинот на кој посакувате. Меѓутоа, ќе бидете свесни за сите досегашни успеси, па нема да ви пречи фактот дека моментално не сте во првите редови. Трпеливи сте и знаете дека кога-тогаш ќе успеете да ги реализирате своите цели.
Близнаци
Љубов: Дозволете ѝ на саканата личност да ве води овие денови затоа што таа ќе го планира многу подобро вашето заедничко време отколку вас. Препуштете се и уживајте во заедничките моменти.
Кариера: Го очекувате туѓото мислење за она што вие и вашите соработници сте го создале досега. Другите ќе ве поддржат, но вие самите ќе барате од себе многу повеќе. Бидете пореални и љубезни кон себе.
Рак
Љубов: Деновиве ќе имате можност да ја зацврстите врската со вашата сакана личност така што ќе воспоставите одредени мали правила и критериуми.
Кариера: Ве очекуваат зголемени работни обврски, но со оглед на тоа дека уживате во својата работа тоа нема да ви претставува тешкотија. Сепак, единствената пречка ќе биде недостигот на енергија, па затоа не заборавајте и да паузирате.
Лав
Љубов: Ве очекува интересна љубовна фаза во која нема да ви недостига страст. Некои од вас ќе уживаат и во друштво на пријателите.
Кариера: Можеби сè уште чекате одговор на одредени прашања. Со оглед на тоа дека нема да ги добиете во следните денови, задоволете се со она што го знаете и она што го имате. Тоа нема да ви биде проблем, но ќе има и такви кои ќе имаат потреба од дополнителни насоки. Помогнете им со вашето знаење.
Девица
Љубов: Во наредните денови ве очекува подобрување на љубовниот живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Освен тоа, многумина од вас ќе ја обноват својата врска така што ќе отидат на романтичен состанок во природа.
Кариера: Можно е да излезе на виделина нешто што долго време го очекувавте. Тоа, од друга страна, ќе го придвижи бизнисот во нова насока. Луѓето ќе ве сметаат за доверлива личност, а вие ќе им бидете пример за тоа како се работи.
Продолжува на следната страница…