Неделен хороскоп од 4 до 10 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 4 до 10 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Љубов: Приватните односи ќе ви бидат добри, но нема да имате причина да бидете ентузијасти. Оваа монотонија понекогаш ќе биде разбиена со мали кавги или провокации. Не дозволувајте им да се продлабочуваат. Бидете смирени докрај.

Кариера: Ќе ги преземете работите во свои раце, ќе дадете сè од себе и ќе направите голем чекор напред. Оние кои работат со вас ќе ги ценат вашите напори. Некои можеби дури сега ќе го добијат заслуженото признание или барем пофалби за постигнатото.

Неделен хороскоп од 4 до 10 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Љубов: Дајте му го сиот неопходен простор на партнерот доколку ви рече дека има потреба од тоа. Можеби малку ќе бидете изненадени од новонастанатата ситуација, но ќе се прилагодите. Тоа, пак, може да доведе до уште поголемо зближување меѓу двајцата.

Кариера: Сè повеќе ќе се интересирате за финансии и работи кои би можеле да ви го подобрат приходот. Ќе смислите нови планови и ќе се борите за да добиете поддршка од другите за да ги спроведете или барем да ги започнете.

Стрелец

Љубов: Следните неколку дена вашите љубовни аспирации ќе бидат главно платонски по природа. Мора да се признае, ќе чувствувате зголемена потреба за љубов, но и ќе ги сонувате вашите идеали. Поради ова, некои ќе бидат во дилеми дали да излезат или да се повлечат во својот свет.

Кариера: Вашите претпоставени би можеле да играат улога во вашата кариера овие денови. Веројатно ќе се одлучат за нешто што ќе има влијание врз вас. Можно е и вие самите да добиете шанса да напредувате.

Јарец

Љубов: Ќе бидете среќни што другите ве разбираат. Ова ќе ја зголеми довербата во врските, како и вашите очекувања од саканата личност.

Кариера: Како што одминува неделата, сè повеќе ќе сакате да одите на одмор. Оние кои сè уште не можат да го направат тоа, веројатно ќе мора прво да им се посветат на некои заостанати работи за кои мислеа дека се завршени одамна. Мора да издржат докрај.

Водолија

Љубов: Наредните денови ќе се трудите да ги исполните вашите или туѓите љубовни очекувања. Вториот дел од неделата ќе ви донесе мигови на уживање со партнерот, па ќе бидете задоволни и исполнети.

Кариера: Веројатно сè ќе ве поттикнува да се занимавате со повеќе активности, па од вас ќе се бара повеќе да се вклучите и на работното место. Ништо нема да ви биде тешко, бидејќи долго ја чекавте оваа можност.

Риби

Љубов: Ве очекува хармонија на љубовен план, а тоа ќе ве поттикне да организирате патување за вас и вашиот сакан.

Кариера: Најверојатно едвај чекате да ги покажете вашите вештини. Деновиве полека ќе се отвори една врата, но за таа да блесне во полн сјај ќе треба да почекате уште малку. Сепак, секој ден сè повеќе ќе доаѓате до израз.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае ретрограден Меркур до 15 септември.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар