Неделен хороскоп од 4 до 10 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Вага
Љубов: Во следниот период ќе се опуштите и максимално ќе уживате во друштвото на саканата личност која со задоволство ќе разговара со вас, а тоа ќе ве зближи уште повеќе. Доколку не сте во врска нема да имате проблем да најдете друштво.
Кариера: Можеби ви се чини дека сте под огромен притисок од сите страни, но тоа се всушност предизвици кои ќе ви помогнат да постигнете подобри резултати. Ви претстои мала битка во која треба да вложите малку повеќе труд за да победите.
Скорпија
Љубов: Вашиот социјален и љубовен живот ќе се врати во нормала, а тоа ќе ве опушти и освежи.
Кариера: Вашиот труд ќе биде забележан и награден. Сепак, многубројните пофалби ќе направат да се чувствувате непријатно. Од друга страна, скромноста и срамежливоста со кои зрачите ќе им бидат пример на многумина во овие кризни времиња. Ќе работите посветено и без многу прашања.
Стрелец
Љубов: Следува период на хармонија во вашите лични односи што ќе ве направи посреќни. Сè што ве мачело досега ќе стане минато, како ништо да не се случило. Освен тоа, многу парови ќе имаат можност да ја подобрат својата врска.
Кариера: Ставот дека „коцките самите ќе се вклопат“ важи само кога имате доволно време. Овој пат е неопходно да дејствувате што побргу и да бидете колку што е можно пореални.
Јарец
Љубов: Ќе се зголеми вашата потреба за интимност. Затоа, оние кои се во врска со задоволство ќе се повлечат во својот дом и со задоволство ќе уживаат заедно. За слободните, пак, тоа ќе значи повеќе мечтаење, а помалку дружење и можности да запознаат некого.
Кариера: Ве очекува успешен период во поглед на професионалниот живот. Сепак, внимавајте и одбегнувајте ги нелегалните предлози за соработка.
Водолија
Љубов: Ве очекува интензивен период исполнет со многу дружење, па така ќе запознаете многу нови луѓе. Доколку веќе сте во врска, ве очекува период на уживање и хармонија во односите со партнерот.
Кариера: Влегувате во фаза од професионалниот живот кога ќе ви бидат понудени многу работи. Така, ќе ви се чини дека сте ја пронашле работата од соништата, но покрај сè, бидете внимателни и претпазливи.
Риби
Љубов: Душата ви е полна со мир, па така ќе наоѓате љубов во сите мали нешта кои ве опкружуваат.
Кариера: Можеби сè уште не сте свесни за напредокот на професионален план, но набргу ќе го почувствувате и тоа со помош на интуицијата. Освен тоа, таа ќе ви биде главниот водич во кариерата оваа недела. Доколку се сомневате во нешто, доволно е да запрете за миг и да го слушнете внатрешниот глас.
Откако го прочитавте неделниот хороскоп, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци нема да имаат среќа во љубовта во јули.
Извор: atma.hr