Неделен хороскоп од 4 до 10 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Вага
Во поглед на љубовниот живот, вашите чувства и емоции ќе варираат оваа недела. Еднаш ќе мислите дека сè е можно, другпат дека ништо не е возможно. Обидете се да ги издржите сите овие предизвици. Во поглед на кариерата, пак, ве очекува зголемен обем на работа, но, ќе уживате во сиот процес бидејќи ќе ви биде интересно. Некои од вас ќе почнат да размислуваат за ново инвестирање.
Скорпија
Најчесто ќе размислувате за љубовта, наместо да ја посакувате. Некои од вас ќе го почувствуваат и искушението на тајната љубовна врска. Ќе добиете покана за средба, но нема да бидете сигурни кој е вистинскиот мотив на другата личност. Во однос на кариерата, време е да ги покажете вашите деловни вештини и знаење. Доволно е да продолжите со професионалниот пристап во сето она што го работите.
Стрелец
Ве очекува среќа во однос на приватниот живот. Свесни сте за тоа дека нечие срце е отворено за вас, па затоа упатете се онаму каде чувствувате дека припаѓате. Не затворајте се себеси. Во поглед на професионалниот живот, вашите вештини и знаење ќе им бидат од голема полза на другите. Не одбивајте да им пружите помош на оние кои им е потребна, со оглед на тоа дека добрината секогаш се враќа на крајот.
Јарец
Ќе се чувствувате безбедно во вашата врска. Сознанието дека партнерот ве сака најмногу на овој свет, ќе ве натера да се впуштите во секакви лудории, па дури и ризици. Доколку не сте во врска, ќе привлечете нечие внимание преку вашата креативност. Професионалниот развој ви е загарантиран со оглед на многубројните познанства и соработки со луѓе од вашата професија. Оваа недела нема да ве напушти ниту за миг вербата во себе и во своите способности.
Водолија
Вашите односи со саканата личност ќе варираат оваа недела. Така, еден ден сè ќе биде супер, друг ден не. Не влегувајте во непотребни дискусии бидејќи тие нема да завршат добро. Во поглед на кариерата, успехот ќе ви биде на дофат, но, ќе забележите дека сето тоа е лишено од некаква содржина. Тоа ќе ве поттикне подобро да си ги организирате работните обврски, но и да ги дефинирате своите ставови.
Риби
Деновите што се пред вас ќе бидат исполнети со забави и дружење. Многумина ќе го подобрат својот социјален живот, ќе запознаат интересни лица, а ќе има и такви кои ќе се заљубат. Колку повеќе мислите на другата личност, толку повеќе таа ќе мисли на вас. Во однос на работата, новите деловни контакти ќе ве поттикната да работите уште понапорно. Ценете го напорот на сите оние кои ќе бидат заслужни за успесите што ќе следат и не заборавајте да ги пофалите.
Откако го прочитавте неделниот хороскоп од 4 до 10 април, можеби ќе сакате да го прочитате и љубовниот хороскоп за оваа пролет.
Извор: atma.hr