Неделен хороскоп од 4 до 10 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Како ќе ви бидат наклонети ѕвездите оваа недела? Дознајте во продолжение!
Овен
Оваа недела ќе застанете цврсто на земја да се борите за она што е ваше. Некој се обидуваше досега да ви одземе нешто и затоа време е да ѝ оставите до знаење на таа личност дека она што е ваше, е ваше и тоа е крај на приказната. Дури и ако тоа ве доведе до состојба на лутина, сепак бидете сигурни дека вашите постапки се оправдани. Од друга страна, не дозволувајте ова негативно да влијае врз вашиот однос со саканата личност.
Бик
Малите грижи во приватниот живот ќе бидат ублажени со среќата која ќе ве следи во другите области од животот. Во поглед на кариерата, ве очекува вистински професионален развој! Конечно ќе им покажете на другите што знаете и умеете и многумина од вас ќе ја добијат можноста што ја очекуваа. Сепак, не преоптоварувајте си ги мислите со ситници.
Близнаци
Во некои моменти ќе бидете сензационални и привлечни и опкружени со многу луѓе, а во други пак, тивки и повлечени. Некогаш ќе бидете главна мета на додворувачот, а понекогаш обична личност која ја забележуваат само пријателите. Работните обврски ќе ги извршувате без никаква тешкотија, а за тоа ќе бидат заслужни информациите кои ќе добиете оваа недела. Вашите колеги ќе почнат да се угледуваат на вашата професионалност.
Рак
Саканата личност ќе ви ја пружи потребната помош и утеха, особено по турбулентното работно време. Доколку сте сами, нема да имате дополнителна енергија после работа за нови љубовни освојувања. Ќе претпочитате да се релаксирате во тишина или во друштво со пријателите. Од друга страна, ве очекува службено патување кое ќе ви донесе нови идеи во поглед на работата.
Лав
Ќе ве следи среќа во поголемиот дел од неделата. Не пропуштајте ги поканите на пријателите кои ќе се чувствуваат супер во ваше друштво. Веројатно ќе имате и многу додворувачи. Во однос на кариерата, заедно со вашите колеги го чекате мислењето на надредените за она што сте го направиле досега. Ќе ве поддржат, но вие ќе си поставите уште повисоки цели. Внимавајте, бидејќи вашите очекувања понекогаш ќе бидат нереално високи.
Девица
Во приватниот живот ќе бидете опуштени и отворени. Ќе бидете подготвени да им верувате на другите, а тоа ќе ви се врати на најдобар можен начин. Тоа ќе придонесе и за продлабочување на довербата кон партнерот. Ве очекува напредок на професионален план кој ќе се должи токму на вашата стручност и професионалност. Чекате информации за нови соработки, но не грижете се непотребно бидејќи сè ќе биде во ред.
Продолжува на следната страница…