Неделен хороскоп од 3 до 9 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела? - Part 2

Неделен хороскоп од 3 до 9 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Вага

Љубов: Оваа недела вашите љубовни аспирации ќе бидат од платонски карактер. Ќе чувствувате зголемена потреба за љубов, но и ќе сонувате за вашите идеали. Поради тоа, ќе бидете во дилема дали да го направите првиот чекор или не.

Кариера: Полека ќе доаѓа до израз соработката со угледни и влијателни личности, а за тоа најмногу ќе придонесат вашите заложби. Затоа, не бидете премногу скромни и споделете ги вашите амбиции.

Неделен хороскоп од 3 до 9 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Скорпија

Љубов: Доколку сè уште сте во потрага по сродната душа, обратете внимание на луѓето кои ги запознавате преку работата. Доколку, пак, сте во врска, ве очекуваат денови на мир и хармонија.

Кариера: Не оставајте да се трупаат вашите обврски и задолженија. Обидете се да ги завршите навремено за да можете да започнете и со другите задачи. Ве очекуваат и нови деловни познанства кои ќе го означат почетокот на плодна и успешна соработка.

Стрелец

Љубов: Во текот на овие денови ќе се зголеми вашата доверба кон партнерот, а тоа ќе доведе до подобрување на вашите односи. Доколку сè уште сте во потрага на сродната душа, имате поголеми шанси да ја најдете ако почесто излегувате.

Кариера: Ќе наидете на проблеми и предизвици. Ќе бидете уморни, безволни и нема да имате инспирација. Но, не грижете се бидејќи кон крајот на неделата ве очекуваат позитивни промени и нови, инспиративни идеи.

Јарец

Љубов: На љубовен план, нема да бидете особено расположени, а тоа значи дека можностите за нови познанства ќе бидат поретки. Оние кои се во врска, пак, ќе се оддалечат еден од друг.

Кариера: Ве очекува напорна недела бидејќи ќе се занимавате со решавање на материјалните прашања. Сепак, важно е да не ги пропуштите можностите кои ќе се појават во втората половина од неделата. Имајте на ум и дека некои од проектите за жал ќе мора да бидат откажани.

Водолија

Љубов: Есенското време ќе ви влијае врз љубовното расположение, па така доколку се чувствувате меланхолично, поминувајте го слободното време со партнерот и покажете му колку ви значи.

Кариера: Ова ќе биде добар период да направите планови за иднината бидејќи тоа ќе ви даде поттик и сила да продолжите по патот на успехот. Доволно е навремено да си ги поставите вашите цели и да почнете да работите на нив.

Риби

Љубов: Ве очекува мирен и стабилен период во односот со саканата личност бидејќи ќе се согласувате речиси за сè. Доколку сонувате да станете родители, сега ќе имате голема шанса да си ја остварите желбата.

Кариера: Оваа недела ќе ви донесе значаен позитивен пресврт во поглед на професијата и финансиите. Тоа значи дека вашиот досегашен труд нема да остане незабележан и дека, најверојатно, ќе имате можност за унапредување.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во поглед на финансиите во октомври.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар