Неделен хороскоп од 3 до 9 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 3 до 9 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Љубов: Во наредните денови ќе се трудите да ги исполните вашите или туѓи љубовни потреби и очекувања. Вториот дел од неделата ќе ви донесе помали уживања, но сепак ќе бидете задоволни и исполнети.

Кариера: Ги постигнавте своите цели над сите очекувања и сега чувствувате потреба за одмор или барем пауза. Патувајте доколку ви се укаже можност за тоа. Оние кои работат веројатно ќе продолжат да ги завршуваат обврските со истото темпо.

Неделен хороскоп од 3 до 9 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Љубов: Одвреме-навреме ќе бидете во искушение да се расправате, да се жалите или да ја критикувате другата страна. Можно е и другите да ве критикуваат. Имајте на ум дека работите можат да се подобрат со повеќе хумор и самоконтрола.

Кариера: Би сакале да покажете што знаете, но чувствувате дека сè уште не е време да ги покажете сите ваши адути. Затоа, би било подобро ако почекате уште малку дури и ако тоа ве фрустрира.

Стрелец

Љубов: Во првиот дел од неделата се чини дека љубовта ќе ве одмине, но од средината на неделата некои пречки едноставно ќе исчезнат. Од друга страна, ќе се појават предизвикувачки ситуации кога ќе бидете во позиција да реагирате на провокации. Обидете се да останете смирени.

Кариера: Можеби ќе се најдете во ситуација да жртвувате нешто, или да водите битка за која знаете дека е изгубена. Како и да е, прифатете ги предизвиците и не ги туркајте работите по секоја цена, а резултатите кога-тогаш ќе станат видливи.

Јарец

Љубов: Ќе бидете интересни за другите, заводливи, шармантни и елоквентни. Сите овие квалитети можете да ги искористите за да остварите пријатни познанства, а можеби и многу повеќе. Во текот на овие денови ќе имате зголемени шанси да ја пронајдете вашата сродна душа.

Кариера: Оние кои искрено се преиспитале себеси знаат што да прават и ќе одат во таа насока. Оние кои сè уште не ги анализирале сопствените постапки веројатно ќе се соочат со последиците од сопствените амбиции и дури сега ќе сфатат каде погрешиле.

Водолија

Љубов: Ќе уживате во моментите на осаменост. Најдобро ќе се чувствувате во вашиот дом, а ако до вас е некој близок, уште подобро. Оние кои се уште се сами ќе поминуваат повеќе време со пријателите, но во исто време нивната имагинација ќе се чини дека нема граници.

Кариера: Во моментов не сте во добри односи со надредените, затоа внимавајте како соработувате со нив. Не инсистирајте на вашите идеи, бидејќи сè уште не е време некои од нив да се остварат. Бидете трпеливи.

Риби

Љубов: Додека размислувате за вашето љубовно минато, можно е да пропуштите шанса за нова љубовна авантура. Оние кои се во врска ќе најдат заеднички јазик со саканата личност.

Кариера: За да станете подобри во она што го работите, треба повеќе да соработувате со другите. Работете на себе, така што ќе ги анализирате своите силни и слаби страни, а потоа сè ќе ви стане појасно и полесно.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за јули 2023 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар