Неделен хороскоп од 3 до 9 јануари: Нова надеж и инспирација

Неделен хороскоп од 3 до 9 јануари: Нова надеж и инспирација

Според астролозите, оваа недела ќе ни донесе надеж и инспирација. Додека Сонцето е во знакот Јарец, Месечината ќе транзитира низ Водолија, Риби и Овен. Ќе имаме можност да нурнеме длабоко во себе, ќе се обидеме да се спознаеме себеси и да дознаеме што ни е најважно во животот. Во продолжение прочитајте го неделниот хороскоп за секој од знаците одделно.

Неделен хороскоп од 3 до 9 јануари: Нова надеж и инспирација

Овен

Оваа недела ќе постигнете голем напредок што се однесува до вашата кариера. Она на што работевте конечно почнува да дава резултати. Ќе се чувствувате полни со енергија и ќе имате моќ да влијаете на работите, особено на професионален план. Не дозволувајте безначајните детали да ве одвлечат од целта и продолжете со одличното темпо!

Бик

Благодарение на ретроградното движење на Венера, ќе бидете желни да го продлабочите односот со партнерот. Љубовта е тука, но сепак нешто недостасува. Знаете дека комуникацијата и искрениот разговор се неопходни за надминување на недоразбирањата во вашата врска. Не плашете се да го отворите срцето и да ги споделите своите чувства со саканата личност.

Близнаци

Првата недела од новата година ја започнувате со чувство на гордост и визија. Чувството на оптимизам дека нема да се повторат неволјите од минатата година ќе ве следи постојано и ќе станете свесни дека на некои луѓе им е потребна вашата помош. Токму во текот на оваа недела ќе дознаете колку е важно да им бидете поддршка и утеха на другите, особено на најблиските. Тоа ќе одрази позитивно и врз вашиот личен развој.

Рак

Иако во ваша природа е секогаш другите да ги ставате на прво место, сепак оваа недела ќе биде вистинскиот момент кога ќе треба да си одвоите време за себе и за своите потреби. Нема ништо лошо во тоа да си одвоите простор и да почнете да се грижите за себеси. На овој начин ќе можете да ги „наполните“ батериите и да продолжите понатаму, справувајќи се со новите предизвици.

Лав

Не занемарувајте ја вашата интуиција како и соништата кои се обидуваат да ви кажат нешто. Добро би било да ги анализирате пред да донесете некаква важна одлука. Обратете внимание на вашата имагинација. Тоа ќе направи да покажете поголема емпатија и сочувство кон другите.

Девица

Време е за радикална промена во грижата за себе, особено во поглед на вашето здравје. Во деновите што следуваат ќе почувствувате дека ова е идеалниот момент за промена. Ќе почнете да размислувате во насока на промена на начинот на исхрана како и вежбање за одржување на вашето тело во добра форма. Не заборавајте дека за добар почеток на годината неопходна е благосостојбата на телото и умот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар